Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зимски колач со јаболка и сладолед - се топи во уста

Ако еднаш го пробате овој колач, ќе го подготвувате и за себе и за кога ќе ви се најават гости.

zimski-kolach-so-jabolka-i-slatka-pavlaka-01.jpg

Едноставната, а сепак совршена комбинација од јаболка и слатка павлака ќе ви се допадне уште при првиот залак.

Овој колач се подготвува едноставно, не ви треба ни миксер, а целиот процес на подготовка и печење трае околу 60 минути.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 250g брашно
  • 250g гриз
  • 250-300g шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 6-7 јаболка

За преливот:

  • 200ml слатка павлака
  • 70g путер
  • 250ml млеко

Начин на подготовка:

  • Ставете ги сувите состојки во длабок сад и измешајте ги со лажица за да се соединат.
  • Јаболката исчистете ги и изрендајте ги.
  • Подмачкајте го калапот за колачот (може тркалезна тава или калап за чизкејк), па на дното ставете неколку лажици од смесата со брашно. Врз неа ставете јаболка.
  • Повторувајте ја постапката наизменично додека да го потрошите целиот материјал.
  • Завршите со сувите состојки, па направете дупчиња (како во видеото).
  • Во длабок сад загрејте ја слатката павлака, млекото и путерот.
  • Кога ќе се спојат, со смесата и прелијте го колачот.
  • Ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
  • Почекајте малку да се излади, па можете да го послужите со топка сладолед или да го посипете со шеќер во прав.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg