Подгответе: Чипс од јаболки

Есента е совршено време за рецепти од јаболки, кои ги има во изобилство. Ова е еден интересен рецепт кој може да биде и забавен и несекојдневен, со кој ќе ги изненадите сите на трпезата. Лесен и едноставен за подготовка, а доколку го пробате може да ни кажете колку е вкусен.

cips-od-jabolki-01

Потребни состојки:

  • 125 мл суво бело вино
  • 250 мл сок од јаболко
  • 20 гр шеќер
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 2,5 гр лимонска киселина
  • 1-2 јаболка


Подготовка:

Загревајте го виното околу 1 минута, додадете го сокот од јаболко, шеќерот и лимоновиот сок, загревајте и мешајте го околу 15 минути. Додајте лимонска киселина и малку сол, потоа исцедете го. Измијте ги јаболките, а потоа исечете ги на најтенки можни парчиња, како листови, дијагонално, со дебелина од околу 1 мм.

Ставете ги листовите јаболко во загреаниот претходно подготвен прелив, околу 5 минути, оставете ги да ја впијат од течноста, извадете ги и наредете ги едно до друго во тава која ќе ја ставите во загреана рерна на околу  65° C и оставете го околу 15 минути.

Послужете ги како вкусен десерт , кој можете да го надополните со прелив од мед и ситно сечкани или мелени ореви.

Би можело да ве интересира:

Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg