Мапа со виолетови медузи во Грција + зошто се опасни и што треба да правите ако ве опече?

На грчките плажи е забележана наезда од виолетови медузи, а здравствените власти објавија листа на задолжителни работи што треба да ги понесете со себеси на плажа, но и упатство за тоа што треба да направите доколку имате непријатна „блиска“ средба со нив.

mapa-na-grcija-kade-ima-violetovi-meduzi-shto-treba-zadolzhitelno-da-ponesete-so-sebesi-na-plazha-i-shto-da-napravite-po-ubod-01.jpg

На голем број грчки плажи годинава се појавија опасните виолетови медузи. Грчките медиуми веќе објавија мапа на која се гледа на кои плажи тие се најзастапени, а според океанографите, најмногу ги има во регионот на Атика и тоа на плажите во Мегара, Елефсина, Агиос Космас, Глифада, Анависос, Вулиагмени и Саронида.

mapa-na-grcija-kade-ima-violetovi-meduzi-shto-treba-zadolzhitelno-da-ponesete-so-sebesi-na-plazha-i-shto-da-napravite-po-ubod-03.JPG

Според грчките експерти, зголемената популација на виолетовите медузи во Егејското Море се должи на климатските промени и прекумерното ловење на големите риби.

Овие медузи најпрво се појавија во Јонското Море, од каде морските струи ги однеле до Егејското Море, Солунски Залив и Халкидики, Пагаситикос и Споради.

mapa-na-grcija-kade-ima-violetovi-meduzi-shto-treba-zadolzhitelno-da-ponesete-so-sebesi-na-plazha-i-shto-da-napravite-po-ubod-02.jpg

Изгореницата од виолетовата медуза е болна заради невротоксините што таа ги испушта, а може да се случи болката да трае од 1 до 2 недели.

На местото на изгореницата може да се забележи црвенило или осип, но вообичаено не е толку опасна и засега немало случаи со фатални последици.

Во одредени случаи може да има посилни симптоми што вклучуваат: вртоглавица, повраќање и дијареа, а забележано е во некои случаи на местото на опекотина, неколку години подоцна да се забележат проблеми со кожата.

На следната страна погледнете што треба да направите ако ве опече медуза...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg