Како до тренинг без болки?
Дали по или за време на вежбите за стомачните мускули чувствувате болка во долниот дел на грбот?
Од стручни лица на физикална терапија, предложени се неколку кратки и едноставни вежби за стомачните мускули кои не предизвикуваат болки, а го затегнуваат стомакот.
Единствено потребно ви е една топка со средна големина.
1. Легнете на грб, подигнете ги нозете со исправени колена. Топката ставете ја меѓу стапалата и подигнувајте го телото за да ја допрете топката.
2. Почетната положба останува иста, топката држете ја во рацете, но зад колената. Подигнувајте го телото и топката префрлувајте ја од една во друга рака.
3. Легнете на грб, рацете поставете ги покрај телото, нозете свиткани во агол од 90 степени. Топката поставете ја меѓу стапалата. Аголот кај колената останува ист, се подигнува телото, а стапалата се спуштаат додека не го допрат подот.