Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот

Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли дека и пренапорните тренинзи можат да резултираат со истото?

problemi-so-mentalnoto-zdravje-i-ushte-5-skrieni-prichini-za-bolka-vo-grbot-01.jpg

Сите знаеме дека кога не се движиме или спиеме во лоша положба, болките во грбот се неизбежни.

Но, доста често, причината за болка во грбот може и да не е толку очигледна, особено ако сте помлади.

Неколку скриени причини за болка во грбот:

Лошо држење на телото

Размислете какво ви е држењето на телото во текот на денот.

Дали кога одите сте подгрбавени? Дали кога седите на работа грбот ви е искривен?

Ако одговоривте „да“, постои можност ова да е причината за болката во грбот.

Неоткриени здравствени проблеми

Немојте да ја игнорирате интензивната болка во грбот, бидејќи во некои случаи може да биде предизвикана од камења во бубрезите, инфекции, па и ендометриоза.

Ако не гледате друга можна причина, тогаш консултирајте се со лекар за болката во грбот бидејќи можеби се соочувате со здравствен проблем.

problemi-so-mentalnoto-zdravje-i-ushte-5-skrieni-prichini-za-bolka-vo-grbot-02.jpg

Анксиозност и други проблеми со менталното здравје

Проблемите со менталното здравје неретко предизвикуваат и физички симптоми.

На пример, кај некои луѓе, депресијата може да предизвика болка во грбот, главоболка и слично.

Не правите вежби за истегнување

Ако сте физички активни, но сепак чувствувате болка во грбот, тогаш веројатно ги прескокнувате вежбите за истегнување.

Доколку подолг период од денот минувате во седење, неколкуте часа неделно во теретана нема да ви помогнат да ја избегнете болката во грбот.

Па, во вашите тренинзи вклучете и вежби за истегнување, како јога.

problemi-so-mentalnoto-zdravje-i-ushte-5-skrieni-prichini-za-bolka-vo-grbot-03.jpg

Премногу интензивни тренинзи

Недостатокот од физичка активност може да предизвика болка од грбот, но од друга страна, истото може да се случи и со пренапорни тренинзи.

Ако кревате преголема тежина или правите вежби кои го оптоваруваат грбот, последицата може да биде болка.

Исхрана

Можеби звучи чудно, но ако забележите дека болката во грбот ви се јавува по јадење, тогаш можеби проблемот е исхраната.

Односно, ако храната што се ја изеле не му годи на вашиот дигестивен систем и ви создава киселини, може да почувствувате и болка во грбот.

Обично болката во грбот се јавува ако имате хроничен проблем со киселини и во овој случај треба повеќе да внимавате на исхраната, но и да се консултирате со лекар.

problemi-so-mentalnoto-zdravje-i-ushte-5-skrieni-prichini-za-bolka-vo-grbot-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg