Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат?

Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку не се изведуваат правилно. Голем проблем може да настане и при несоодветен лекарски преглед.

bolki-vo-rbetot-i-zglobovite-dali-se-nasledni-i-dali-operacija-kje-pomogne-da-isceznat-01.jpg

Болките во 'рбетот и зглобовите се нешто со кое се соочуваме сите, без разлика дали се работи за помал или поголем интензитет на болка. 

Не постои човек кој во одреден период од животот не почувствувал болка во 'рбетот, долниот дел од грбот, вратот и зглобовите.

Сепак, причините што ги предизвикуваат овие болки се различни и како што поминува времето и како што старееме се зголемуваат.

Меѓутоа, со одреден начин на живот, за жал, можеме да го забрзаме појавувањето на болката, а во тоа можат да придонесат и професиите кои бараат продолжено и неправилно седење, зголемената телесна тежина, физичкиот напор при работа, како и повреди настанати во текот на животот. 

Денес скоро секоја професија се работи во седечка положба, може да се каже дека скоро сите спаѓаме во ризичната група кај која порано или подоцна ќе се јави овој тип на болка.

Голема заблуда е тоа дека главни причинители на болките покрај провевот, се и лошата генетика и дегенеративните промени.

Токму затоа многупати сме слушнале дека „нема лек“ за болки во 'рбетот и зглобовите и дека со нив треба да се живее до крајот на животот.

Крајно време е да се отфрли овој мит.

Сѐ уште не постојат докази дека генетиката е одговорна за овој проблем, така што нема вистинска причина луѓето да мислат дека се осудени да имаат проблеми со грбот ако, да речеме, нивниот татко и мајка имаат или имале слични проблеми.

bolki-vo-rbetot-i-zglobovite-dali-se-nasledni-i-dali-operacija-kje-pomogne-da-isceznat-05.jpg

Лекување нa болките во кичмата и зглобовите

Повеќето луѓе при ваков тип на болка обично сами посегнуваат по некој вид лек, без препорака од лекар.

Само кога ќе утврдат дека самотерапијата не помага, закажуваат преглед на доктор.

Во прва линијa при одбрана од овие болки се нестероидните антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), кои мора да се применуваат подолг временски период, а не само за неколку дена.

Во рок од само неколку дена од употребата на лековите, пациентот има моментално ублажување на болката, додека долготрајната употреба на истите лекови може да има лековито дејство. 

На овој начин се третира не само симптомот, туку и причината - воспалението, без разлика дали се работи за нерви или зглобови на 'рбетот, рскавицата и коските.

bolki-vo-rbetot-i-zglobovite-dali-se-nasledni-i-dali-operacija-kje-pomogne-da-isceznat-07.jpg

Употреба на кортикостероиди

Кога пациентите имаат многу силни болку во лекувањето се воведува и кортикостероидна терапија која треба минимално да се користи бидејќи има еден добар ефект - намалување на воспалението, но и многу негативни ефекти.

Тогаш станува важна улогата на нестероидите, кои практично со години може да се применуваат со пократки паузи и секако со воведување заштита на слузницата на желудникот.

bolki-vo-rbetot-i-zglobovite-dali-se-nasledni-i-dali-operacija-kje-pomogne-da-isceznat-11.jpg

Дали операцијата помага при ваков тип на болка?

Иако операцијата ја елиминира акутната болка и му овозможува на пациентот да се движи, да го коригира деформитетот и да го стабилизира 'рбетот, за жал може да остане одреден степен на болка.

Во такви ситуации, повторно се посегнува по антиинфламаторни нестероидни лекови, чија употреба се препорачува периодично кога се јавува болка, со употреба на соодветна заштита на желудникот.

bolki-vo-rbetot-i-zglobovite-dali-se-nasledni-i-dali-operacija-kje-pomogne-da-isceznat-04.jpg

Грешки при лекување

Проблем кој може да се јави на самиот почеток е неквалитетен преглед.

Лекарот мора да направи детален разговор со пациентот и детално да го прегледа, со цел на прво место да исклучи некои посериозни болести, а потоа да ја утврди точната причина за болките.

Друга последица од лошиот преглед е непотребното барање дополнителна дијагностика (рентген и магнетна резонанца на 'рбетот, ЕМНГ преглед...), со што се троши време и пари, а се создава дополнителен страв и загриженост кај пациентот.

Исто така, голема грешка е да се гледа на проблемот делумно, а не на личноста како целина. 

На пример, ако пациентот се жали на болка во коленото, не може само да му се дадат лекови и електротерапија на болниот регион. 

Треба да се утврди зошто коленото страда. 

Можеби една од причините е прекумерната тежина или проблемот започнува од неправилно газење, лошо држење, мускулна нерамнотежа итн. 

Лекарот треба навреме да го препознае синдромот на хронична болка, односно влијанието на психолошките компоненти врз појавата и времетраењето на болката.

bolki-vo-rbetot-i-zglobovite-dali-se-nasledni-i-dali-operacija-kje-pomogne-da-isceznat-08.jpg

Физикална терапија и физичка активност

Физичката активност може да ја подобри, но и да ја влоши состојбата.

Само кога пациентот поминува низ програма за физикална терапија со употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови може да дојде до подобрување и спречување на повторување на болката.

За да му помогнеме на 'рбетот кој страда од тежината на телото, прво на што треба да обрнеме внимание е дали телесната тежина одговара на нашата висина.

Во оваа фаза се препорачува вежбање, редовни прошетки, пливање... со цел зајакнување на мускулите на 'рбетниот столб. 

Треба да се биде многу внимателен при изборот на спортски активности, бидејќи колку што можат да помогнат, можат и да одмогнат ако не се изведуваат правилно.

Исто така спортските активности треба да бидат во релација и со годините и физичката подготвеност на пациентот.

bolki-vo-rbetot-i-zglobovite-dali-se-nasledni-i-dali-operacija-kje-pomogne-da-isceznat-09.jpg

Напомена: Лековите се земаат исклучиво по препорака на лекар и во никој случај не треба сами да си играте лекари, врз основа на неколку основни познавања и факти кои ќе ги прочитате онлајн. Истото важи и за физиотерапии и вежби и активности. 

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg