Кои лекови се токсични откако ќе им помине рокот на траење, според фармацевт?

Додека парацетамолот кој е добро затворен има само намалена ефикасност откако ќе му помине рокот на траење, не треба да ризикувате со антибиотици со поминат рок.

koi-lekovi-se-toksichni-otkako-kje-im-pomine-rokot-na-traenje-spored-farmacevt-001.jpg

Некои луѓе строго следат рокови на траење на храна и разни продукти, додека на други не им е проблем да користат нешто уште некој период откако ќе му помине рокот на траење.

Во некои ситуации, рокот на траење не значи дека продуктот ќе се расипе точно на тој датум.

Но, некогаш сепак е препорачливо строго да ги следите роковите, особено за работи како лекови.

За Daily Mail, фармацевт открива кои лекови можат да бидат и токсични ако ги користите откако ќе им помине рокот на употреба.

„Во зависност од продуктот, некогаш може да биде и опасно да го консумирате откако ќе му помине рокот на траење.

Затоа, секогаш проверувајте ги апчињата, медицинските кремови и слични производи пред да ги употребите“.

koi-lekovi-se-toksichni-otkako-kje-im-pomine-rokot-na-traenje-spored-farmacevt-03.JPG

Според фармацевтот, апчињата парацетамол имаат подолг рок на траење ако се зачувани во оригиналната амбалажа.

„Кога се добро затворени, кислородот не може да допре до нив.

Парацетамолот може да биде безбеден и неколку месеци откако ќе му помине рокот на траење, но неговата ефикасност ќе се намали“.

Слично е и со витаминските додатоци во исхраната, како витамин Ц.

Односно, главно се безопасни откако ќе им помине рокот, но нивната ефикасност значително ќе се намали.

„Кога станува збор за витамин Ц, со текот на времето ќе оксидира и апчињата можат да изгледаат потемни“.

koi-lekovi-se-toksichni-otkako-kje-im-pomine-rokot-na-traenje-spored-farmacevt-06.JPG

Од друга страна, антибиотиците не треба да се пијат откако ќе им помине рокот на траење.

Кога се добро затворени може да бидат безопасни, но најдобро е да не ризикувате.

Кога станува збор за антибиотик во форма на сируп, никако немојте да го пиете откако ќе му помине рокот на траење.

Кога е во течна форма, поголем е ризикот во него да навлезат бактерии и кога е со поминат рок, може да предизвика симптоми налик на труење со храна.

Ако имате антибиотици со поминат рок, најдобро е да ги однесете во аптека бидејќи професионалците ќе знаат како правилно да се ослободат од нив.

koi-lekovi-se-toksichni-otkako-kje-im-pomine-rokot-na-traenje-spored-farmacevt-04.JPG

Не треба да ризикувате ни со аспирин со поминат рок, особено ако апчињата не се добро затворени.

„Исто така, ако забележите дека апчињата мирисаат како оцет, немојте да ги пиете.

Во овој случај постои ризик да го оштетите желудникот“.

Треба да бидете внимателни и со кремови за третирање проблеми со кожата.

Без разлика до кога им е рокот на траење, повеќето не треба да се користат повеќе од шест месеци откако ќе ги отворите.

„Ако нанесете крем со поминат рок или кој е отворен многу долго, на отворена рана, во организмот можат да навлезат бактерии.

Кога станува збор за кремови со стероиди, ризикот од инфекција е уште поголем“.

koi-lekovi-se-toksichni-otkako-kje-im-pomine-rokot-na-traenje-spored-farmacevt-02.JPG

Капките за очи, пак, имаат уште пократок рок – по отворањето, треба да се употребат во рок од 28 дена.

„Секогаш запишувајте го датумот кога сте ги отвориле капките за очи за да знаете кога да ги фрлите“.

Доколку користите стари капки за очи, може да предизвикате сериозна инфекција на очите.

koi-lekovi-se-toksichni-otkako-kje-im-pomine-rokot-na-traenje-spored-farmacevt-05.JPG

Сирупите за кашлица имаат рок на траење околу шест месеци по отворањето.

По овој период, ризикот дека во нив навлегле бактерии е многу поголем и можат да создадат проблеми со здравјето.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира? Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кр...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg