Страбизам (вкрстени очи) кај деца: Што го предизвикува и дали се третира?

Најчестите причини за страбизам (вкрстени очи) кај децата се далековидост или кратковидост, но некогаш страбизмот се појавува и без некоја очигледна причина.

strabizam-kaj-deca-shto-go-predizvikuva-kako-da-go-prepoznaete-i-kako-se-tretira-01.jpg

Страбизам (вкрстени очи) е честа состојба на очите кај децата. Состојбата се карактеризира со очи кои се неправилно поставени и насочени во различни насоки.

Едното око може да гледа право напред, додека другото да се врти навнатре, нанадвор, нагоре или надолу.

Всушност, шест очни мускули го контролираат движењето на очите. Еден мускул го движи окото надесно, друг налево. Останатите четири мускули го движат окото нагоре, надолу и под агол.

За да се фокусирате на една слика, сите шест очни мускули во секое око мора да функционираат заедно.

Што го предизвикува страбизмот?

Постојат многу причини зошто очите на детето може да бидат насочени во различни насоки. Една од најчестите причини е ако детето се соочува со кратковидост или далекувидост.

Ако видот на детето е заматен поради кратковидост или далекувидост, неговите очи можеби ќе треба да се напнат за да видат јасно.

Ова напрегање може да предизвика очите на детето да се вкрстат или да се оддалечат. Но, кога овие деца носат очила за да го подобрат својот заматен вид, може да се подобри и усогласувањето на нивните очи.

Други причини за развивање страбизам вклучуваат:

  • Предвремено породување
  • Невролошки нарушувања
  • Даунов синдром

Кај многу деца, пак, страбизмот може да се случи без очигледна причина.

strabizam-kaj-deca-shto-go-predizvikuva-kako-da-go-prepoznaete-i-kako-se-tretira-02.jpg

Како страбизмот влијае на видот?

Со нормален вид, двете очи се насочени кон истото место. Нашиот мозок ги комбинира двете слики од нашите очи во единствена, тродимензионална слика.

Така можеме да кажеме колку нешто е блиску или далеку од нас. Кога едното око е надвор од усогласеноста, секое око испраќа различен сигнал до мозокот.

Кај мало дете, мозокот учи да ја игнорира сликата на неусогласеното око. Наместо тоа, ја гледа само сликата од подоброто око.

strabizam-kaj-deca-shto-go-predizvikuva-kako-da-go-prepoznaete-i-kako-se-tretira-03.jpg

Знаци на страбизам кај децата

Што се однесува до знаците на страбизам, може да забележите дека очите на вашето дете гледаат во различни насоки во исто време.

Може да забележите и дека детето го затвора едното око или ја наведнува главата кога гледа во некој предмет. Ова може да биде начин на кој детето „ги тера“ двете очи да работат заедно.

Овие симптоми може да бидат забележани и од матичен лекар, педијатар или наставник. Ако вие или стручните лица околу вас се сомневате на страбизам, уште веднаш посетете офталмолог за целосен очен преглед.

strabizam-kaj-deca-shto-go-predizvikuva-kako-da-go-prepoznaete-i-kako-se-tretira-04.jpg

Како се дијагностицира страбизмот кај деца

Нормално е очите на новороденчето повремено да талкаат или да се вкрстуваат во првите неколку месеци од животот.

Но, додека бебето наврши возраст од околу 4 до 6 месеци, очите најчесто се исправаат.

Ако едното или двете очи продолжат да талкаат навнатре, нанадвор, нагоре или надолу, дури и само одвреме-навреме, најверојатно се работи за страбизам.

strabizam-kaj-deca-shto-go-predizvikuva-kako-da-go-prepoznaete-i-kako-se-tretira-05.jpg

Третирање на страбизам кај деца

Во одредени случаи, страбизмот може да се третира со очила. Ако видот на детето е замаглен поради кратковидост или далекувидост, можеби ќе треба да се напрега за да види јасно.

Ова напрегање може да направи очите да се вкрстат или да се оддалечат, па кај овие деца очилата може да го поправат страбизмот.

Понекогаш, пак, офталмолог може да препорача капки за очи за зајакнување на послабото око на детето, а тоа може да му олесни на детето да ги држи очите исправени.

Ако очилата за очи или капките не можат да го поправат страбизмот кај детето, можеби ќе биде потребна операција на очните мускули.

Операцијата вклучува олабавување или затегнување на мускулите кои предизвикуваат талкање на окото.

М. Ѓ.| Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg