Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар?

Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зараза со салмонела. Некогаш се јавува и главоболка.

koi-se-simptomite-deka-ste-zarazeni-so-salmonela-i-koga-treba-da-odite-na-lekar-01.jpg

Салмонелата е бактерија која најчесто е присутна во топлите денови, а личноста заразена со салмонела може да има дијареја, повраќање, треска и грчеви.

Со одмор и внесување на многу течности, повеќето се чувствуваат подобро за рок од една недела.

Што треба да знаете за заразата со оваа бактерија?

Како може да се заразите?

Заразата со салмонела најчесто се случува кога личноста:

  • Консумира сирово или недоволно обработено говедско, пилешко или мисиркино место, како и јајца
  • Консумира храна што претходно допирала ножеви или штици за сечење на кои имало сирово месо
  • Пие непастеризирано млеко
  • Дојде во допир со измет со присутна бактерија, како при пливање или пиење вода со бактерии или допирање заразено животно

Не е честа појава некој да добие зараза со салмонела од друго лице, но сепак тоа може да се случи.

zaraza-so-salmonela-na-koj-nachin-se-dobiva-koi-se-simptomite-i-koga-da-se-obratite-na-lekar-02.jpg

Знаци и симптоми на зараза со салмонела

Најчестите симптоми на зараза со салмонела се дијареја (понекогаш со крв во неа), треска и болки во стомакот. Кај некои луѓе може да се појави и главоболка.

Кај малите бебиња и луѓето со слаб имунолошки систем (на пример, од хемотерапија), заразите може да бидат потешки и да предизвикаат инфекции во мочниот меур, крвта, коските, зглобовите или мозокот.

Како се дијагностицира салмонелата?

Ако вие или вашето дете покажувате симптоми, како дијареја, лекарите може да направат тест на столицата за да проверат дали е присутна бактеријата.

zaraza-so-salmonela-na-koj-nachin-se-dobiva-koi-se-simptomite-i-koga-da-se-obratite-na-lekar-03.jpg

Како се третира заразата со салмонела?

Заразените со салмонела треба да пијат многу течности за да не дехидрираат. Тие исто така треба да одмараат повеќе.

Не е препорачливо да се пијат лекови против дијареја, бидејќи некои од нив може да ја влошат ситуацијата.

Лекарите може да препишат антибиотици за мали деца или бебиња, лица со слаб имунолошки систем или лица кои имаат тешка или долготрајна дијареја.

Може ли да се спречи заразата со салмонела?

Некои мерки на претпазливост може да ви помогнат да ја спречите заразата со салмонела, особено во топлите денови, кога ризикот е поголем.

Затоа:

  • Гответе го месото подолго - никако не консумирајте пилешко кое не е целосно зготвено
  • Јајцата да бидат добро варени/пржени додека жолчката не биде цврста
  • Не јадете храна која содржи сирови јајца
  • Темелно ги сите даски за сечење и приборот кој допирал сирово месо
  • Никако не консумирајте непастеризирани млечни продукти
  • Ставајте ги остатоците од храна во фрижидер, и тоа во рок од 2 часа, и искористете ги во рок од 3-4 дена
  • Избегнувајте контакт со измет на домашни миленици
  • Често мијте ги рацете, особено по користење тоалет и пред подготвување храна
  • Бидејќи салмонела може да биде на храна и во вода, затоа, треба да го миете овошјето и зеленчукот пред да го јадете и да пиете вода што е чиста и одобрена за пиење.

Кога се грижите за некој кој има салмонела, мијте ги рацете добро и често, особено пред да допирате други луѓе или да подготвувате храна.

Откако лицето со салмонела ќе користи тоалет, добро измијте ја тоалетната школката.

zaraza-so-salmonela-na-koj-nachin-se-dobiva-koi-se-simptomite-i-koga-da-se-obratite-na-lekar-04.jpg

Кога треба да побарате лекарска помош?

Обратете се кај вашиот лекар доколку забележите симптоми како:

  • Дијареја со присутна крв
  • Дијареја која трае подолго од една недела
  • Повраќање
  • Покажување какви било знаци на дехидратација (поретко користење тоалет, сува уста…)
  • Висока температура
  • Силни болки во стомакот
  • Болки во зглобовите

Доколку сте загрижени, дури и ако не забележувате посериозни симптоми, задолжително веднаш консултирајте го вашиот лекар.

zaraza-so-salmonela-na-koj-nachin-se-dobiva-koi-se-simptomite-i-koga-da-se-obratite-na-lekar-05.jpg

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg