11 совети кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате)
„Внимавајте на килограмите. Грижата за физичкото, менталното и емоционалното здравје е тешка работа, бара дисциплина, посветеност и жртви. Ако беше лесно, сите ќе беа фит“.
Сите сме во трка со времето, но тоа не значи дека треба да ја прескокнеме грижата за здравјето.
Таа треба да биде топ приоритет, без разлика на сè.
Докторите постојано даваат совети, кои се повторуваат одново и одново, но ние како да не сакаме да ги слушнеме.
Дури и на Редит е отворена темата „Доктори, која е најважната работа која ќе им ја препорачате на сите за здравјето?“.
Кои се советите кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате), според дискусијата на Редит?
„Вежбајте! Најголемата разлика која ја гледам кај моите пациенти е помеѓу оние кои вежбаат и оние кои не вежбаат.
Имам 90-годишни пациенти кои се чувствуваат и однесуваат како 65-годишни и 65-годишни, кои се како да имаат 90. Разликата е во вежбањето.
Дури и дијагнозите да се генетски, на пример како артритис, процесот се забавува со вежбање“.
„Не ја запоставувајте оралната хигиена и ако не сте добри со четкањето на забите, купете си електрична четка. Тоа се само 2 минути на ден 2 пати, а ќе ви направат голема разлика, четкајте ги добро забите.
И не заборавајте да ги чистите и со конец“.
„Внимавајте на килограмите. Грижата за физичкото, менталното и емоционалното здравје е тешка работа, бара дисциплина, посветеност и жртви.
Ако беше лесно, сите ќе беа фит и ќе немаше глобален проблем со дебелината кај луѓето.
Прекумерната тежина не влијае негативно само на вашата самодоверба, туку и го зголемува ризикот од појава на разни заболувања, од срцеви до некои видови на рак и депресија.“
„Одете секогаш на второ мислење. И да ви е докторот најдобар пријател, секогаш има простор за грешка“.
„Бидете љубопитни во врска со своето здравје. Зошто сте такви какви што сте, зошто се чувствувате така, па медитирајте, рефлексирајте, запишувајте во дневник – едноставно грижете се и за физичкото и за психичкото здравје“.
„Ако имате некаков оперативен зафат, не го лажете анестезиологот кога ќе одговарате на прашањата. Не, тој нема да ви суди за тоа што ќе му го кажете, важно е да ја знае вистината“.