Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка

Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за природен сируп за искашлување, сигурно ќе ви биде добредојден.

priroden-lek-za-iskashluvanje-sekret-od-belite-drobovi-se-pie-sekoj-den-po-edna-lazhichka-01.jpg

Се прави од состојки што сигурно веќе ги имате дома, а се верува дека ќе ви помогне да ги исчистите белите дробови од вишокот секрет.

Познато е дека маслиновото масло, медот и лимонот се одлични за борба со настинките и со проблемите со белите дробови и болното грло.

A сирупот направен од нив може да делува како природен „антибиотик“ што ќе ви помогне да се ослободите од секретот што не можете да го искашлате.

priroden-lek-za-iskashluvanje-sekret-od-belite-drobovi-se-pie-sekoj-den-po-edna-lazhichka-03.jpg

Српската инфлуенсерка Ана Инѓиќ на својот Инстаграм профил често дава совети за нејзините следбеници како полесно да заработуваат пари преку инфлуенсерство, но знае да сподели и корисни здравствени совети што нејзе ѝ помогнале.

Така, употребата на овој сируп што таа го подготвува, може да биде одличен сојузник и да ви помогне дополнително, ако по лекарскиот преглед сте утврдиле дека имате проблеми со вишок секрет во белите дробови.

Секако, пред да почнете нешто да консумирате на сопствена рака, најдобро е прво да се консултирате со лекар.

Како се подготвува овој народен сируп за искашлување?

Потребни состојки:

  • 4 лажици сок од лимон;
  • 4 лажици вода;
  • 4 лажици маслиново масло;
  • 3 лажици мед.

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во сад и се мешаат;

Готовиот сируп се чува во ладилник и секое утро се пие по една лажица.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

11 совети кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате) „Внимавајте на килограмите. Грижата за физичкото, менталното и емоционалното здр...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Суптилни знаци дека некоја сакана личност е пред нервен слом (и треба да ѝ помогнете) Чувствува параноја, има проблеми на работа или на училиште и, генерално, се одне...
Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт? Според СЗО, проблемите за срцето се најчестата причина за смрт, и тоа со години ...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
4 чаеви со кои побрзо ќе ги излечите уринарните инфекции Сигурно веќе знаете дека е препорачливо да пиете увин чај за уринарни инфекции. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg