11 совети кои докторите би сакале да ги знаете (и послушате)
„Ако чувствувате дека нешто не е во ред со вас, тогаш не ги игнорирајте симптомите со месеци верувајќи дека тоа е нормално, појдете на лекар и консултирајте се“.
„Не бидете сами свој доктор, не ги гуглајте дијагнозите, но ако сепак сакате да се информирате внимавајте тоа да биде од сајтови кои завршуваат на .gov или .edu и се релевантни, или пак на портали како mayoclinic.org“.
„Спијте редовно и доволно, ако не сакате срцеви и невролошки проблеми подоцна во животот, поради недостигот од сон“.
„Ставајте крема со заштитен фактор за сонце кога се изложувате на сонце и намалете го ризикот од рак на кожа“.
„Правете редовни превентивни прегледи. Во зависност од возраста ризикот за одредени болести ви се зголемува. Од проверка на простата кај мажи до мамографија кај жените, бидете одговорни кон здравјето“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com