Го намалува стресот и уште 6 потенцијални придобивки од билката ашваганда

Ограничен број студии покажале дека користењето ашваганда како додаток во исхраната има потенцијал да го намали стресот, но и да го подобри сонот.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-01.jpg

Ашваганда е билка од Индија и Југоисточна Азија.

Претставува важен дел од ајурведата, односно традиционалната медицина што потекнува од Индија.

Од растението се прави екстракт или прав кој со векови се користи како народен лек за анксиозност, па и проблеми со плодност.

Во последно време, ашвагандата како додаток во исхраната станува популарна и кај нас.

Истражувањата за дејството на суплементите со ашваганда се ограничени, но некои студии сепак покажале потенцијални придобивки.

Важно е да се нагласи дека ашвагандата не може да замени соодветни терапии препишани од лекар и не треба да се користи како лек за посериозни заболувања.

Дел од потенцијалните придобивки од ашвагандата во продолжение:

Може да помогне во намалувањето на стресот и анксиозноста

Ова е всушност најпознатата придобивка од ашвагандата.

Мали истражувања имаат покажано дека во период од околу два месеца, може да се намалат нивото на стрес и симптомите на анксиозност доколку се користи ашваганда.

Сепак, според некои експерти, овие докази не се доволни за да се потврди дека ашвагандата може да се користи како третман за анксиозност.

Односно, ако имате анксиозно нарушување, консултирајте се со експерт за соодветна терапија.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-02.JPG

Може да го зголеми нивото на тестостерон кај мажите

Мала студија покажала дека користењето ашваганда не само што го зголемува нивото на тестостерон, туку има добро влијание и врз плодноста кај мажите.

Односно, кај испитаниците се покажало зголемена концентрација на сперматозоиди.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-03_copy.JPG

Може да го намали нивото на шеќер во крвта

Ашвагандата може да биде од корист за лицата со дијабетес или оние со високо ниво на шеќер во крвта.

Суплементите го намалиле нивото на шеќер во крвта кај испитаниците, но сепак овие истражувања се ограничени.

Односно, не треба да третирате дијабетес или високо ниво на шеќер само со ашваганда.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-04_copy.JPG

Може да ги регулира воспалителните процеси во организмот

Студии направени на животни покажале дека ашвагандата има потенцијал да ги намали воспалителните процеси во телото.

Во истражување со луѓе, ашвагандата се покажала донекаде корисна, но во комбинација со други билки.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-05_copy.JPG

Може да биде добра за мозокот

Анализа на неколку студии покажала дека ашвагандата може да има позитивно влијание врз когнитивните способности кај луѓето, особено кај постари лица.

Друго истражување покажало дека можно е да ја подобрува меморијата.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-06_copy.JPG

Може да го подобри квалитетот на сонот

Ашвагандата често се користи како помагало за спиење, а неколку помали студии покажуваат дека навистина може да биде корисна.

Според наодите, можно е да има позитивно влијание врз квалитетот на сонот, но и да им помогне на луѓе кои страдаат од несоница.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-07_copy.JPG

Како се користи ашваганда и дали има несакани ефекти?

Ашвагандата најчесто се продава во форма на капсули или прав.

Препорачливо е да не се користи повеќе од три месеци бидејќи нема доволно истражувања за долгорочното влијание.

Секако, треба да се консултирате со експерт пред да почнете да ја користите, особено ако имате постоечки проблеми со здравјето.

Луѓе за кои ашвагандата може да не биде безбедна:

  • Бремени жени
  • Доилки
  • Лица со рак на простата
  • Лица кои земаат лекови за депресија, а анксиозност и слично
  • Лица кои имаат автоимуна болест или проблеми со тироидата
  • Личности кои имаат проблеми со црниот дроб

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-08.JPG

Некои луѓе пријавиле и несакани ефекти од ашваганда, како:

  • Болки во стомакот
  • Дијареја
  • Повраќање

Кога станува збор за дозирањето, секогаш следете го упатството и не ја надминувајте препорачаната доза.

go-namaluva-stresot-i-ushte-6-potencijalni-pridobivki-od-bilkata-ashvaganda-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg