Храна што не треба да ја комбинирате со мед – може да предизвика проблеми со стомакот
Медот не треба да се меша со лук, бидејќи може да доведе до дигестивни проблеми кај оние со чувствителен стомак или да ги влоши гастроинтестиналните проблеми кај некои луѓе.
Несомнено е дека медот нуди многу здравствени придобивки.
Тој може да помогне при спречување настинка, при кашлица или при зајакнување на имунолошкиот систем. Исто така, може да го подобри и дигестивното здравје, а има и антимикробни својства.
Но, иако постојат многу користи, сепак, одредени комбинации на мед може да направат повеќе штета отколку корист.
Кои комбинации со мед треба да ги избегнувате зашто може да ви предизвикаат здравствени проблеми, најчесто со стомакот?
Мед со лук
Медот не треба да се меша со лук, бидејќи може да доведе до дигестивни непријатности кај оние со почувствителен стомак или да ги влоши гастроинтестиналните проблеми кај некои луѓе.
Мед со краставица
Мешањето на медот со краставица исто така може да предизвика проблеми со дигестивниот систем.
Мед со месо и риба
Не консумирајте мед со производи како риба и месо кои се богати со протеини.
Комбинацијата може да доведе до проблеми со варењето и да предизвика стомачни тегоби.
Мед со овошје со повеќе шеќери
Избегнувајте мешање на мед со овошје кое содржи повеќе шеќери, како ананас или банана.
Тие веќе се доволно благи, па може да предизвикаат брзо качување на шеќерот во крвта, особено кај дијабетичарите.
Со што е најдобро да се комбинира медот?
Ако добро и правилно се користи медот, може да ви биде одличен пријател во борбата против воспаленијата и настинките.
Комбинации со мед се најдобри за вашето здравје:
Мед со лимон
Медот со лимон делува благотворно на грлото и помага при лекување на болки во грлото и кашлица.
Мед и ѓумбир
Медот и ѓумбирот се одлична комбинација за подобрување на варењето. Ѓумбирот нуди антиинфламаторни придобивки и ги намалува воспаленијата.
Мед и цимет
Комбинацијата на мед и цимет може безбедно да се користи за зајакнување на имунитетот и регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Мед и јаткасти плодови
Комбинацијата на мед и јаткасти плодови, како што се бадеми или ореви, нуди вкусна закуска со хранливи материи.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com