Ја регулира тежината, ја чисти кожата – Зошто треба да пиете вода со нане (и како да ја направите)?
Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здивот. Зошто е добро да пиете вода со нане, но и како да го направите пијалакот?
Секогаш е добро да пиеме вода, а ова особено важи за во летните месеци, кога губиме повеќе течности од нашето тело.
За да останеме хидрирани, важно е да внесуваме доволно течности. Па, покрај водата, добар избор на освежителен пијалак е и водата со листови од нане. Таа се подготвува лесно, евтин избор е, а и нуди доста придобивки за организмот.
Зошто е добро да пиете вода со нане?
Помага при варењето
Поради способноста да ги релаксира стомачните мускули, водата од нане може да помогне при варењето на храната и да ги смири дигестивните проблеми.
Добра е за хидратација
Водата со нане е со пријатен вкус што го прави „привлечно“ консумирањето повеќе течности во текот на денот, што е клучно за целокупното здравје.
Има антиоксидантни својства
Листовите од нане се богати со антиоксиданти, кои го намалуваат воспалението во телото, потенцијално намалувајќи го ризикот од хронични болести.
Го отстранува непријатниот мирис од устата
Нането има природни антибактериски својства, па може да го освежи здивот и да ги намали бактериите во устата, притоа подобрувајќи го здравјето на забите.
Го ублажува стресот
Познато е дека аромата на нане има смирувачки ефекти врз умот и телото, па го намалува нивото на стрес.
Ја храни кожата
Поради своите антивоспалителни и антибактериски својства, пиењето вода од нане може да помогне во подобрување на некои кожни состојби, како што се акните.
Помага при одржување на тежината
Пиејќи вода од нане, може да го намалите апетитот и да имате чувство на ситост, притоа намалувајќи го внесот на калории.
Нуди придобивки за респираторниот систем
Ментолот во листовите од нане помага да се ослободите од респираторните проблеми, како настинки или алергии.
Го зајакнува имунолошкиот систем
Витамините и минералите во водата со нане, како што е витаминот Ц и железото, го зајакнуваат имунолошкиот систем, помагајќи му на телото да се бори против инфекции.
Како да подготвите вода со нане?
Во бокал со околу еден литар вода додајте 20-тина свежи листови од нане. Искинете ги за да се ослободи нивниот вкус.
Така оставете го бокалот во фрижидер најмалку 1-2 часа.
Можете да го испиете цел бокал во еден ден.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com