Зошто некои луѓе колабираат кога е многу жешко (и како да им помогнете)?

Колабирањето од жешко време може да им се случи на сите, без разлика на возраста или здравствената состојба. Па, важно е да се заштитите бидејќи екстремната топлина може да предизвика низа здравствени компликации.

zoshto-nekoi-lugje-kolabiraat-koga-e-mnogu-zheshko-i-kako-da-im-pomognete-01.jpg

Со натпросечните температури периодов кои надминуваат и 35 степени Целзиусови, почесто слушаме за луѓе кои колабирале.

Екстремно жешкото време има негативнo влијание врз телото и ако сме изложени на сонце во најтоплиот период од денот, нашето тело може буквално да прегрее и да се соочиме со топлотен удар и губење свест.

А, постојат некои симптоми кои укажуваат дека е можно да изгубите свест од топлото време.

Вo продолжение погледнете што сè треба да знаете за колабирањето од жешко време:

Кои симптоми се јавуваат пред колабирање?

Губењето свест од топло време може да се случи без предупредување, но обично се чувствуваат симптоми.

Најчестите се:

  • Црвенило и чувство на топлина на лицето, вратот или рацете
  • Вртоглавица
  • Чувство дека ви е многу жешко или нагло потење
  • Грчеви во мускулите
  • Чувство на збунетост

Важно е да знаете дека колабирањето не е секогаш нагло паѓање на земјата.

Личноста може наизменично да се онесвестува и буди, односно да не биде постојано во несвест.

Повеќето луѓе се будат по неколку секунди по колабирањето од топло, но ова не се случува во сите ситуации.

Откако ќе се разбудат, луѓето обично делуваат збунето, а некои не се сеќаваат што се случило неколку минути пред да изгубат свест.

zoshto-nekoi-lugje-kolabiraat-koga-e-mnogu-zheshko-i-kako-da-im-pomognete-02.jpg

Зошто луѓето колабираат од жешко?

Губењето свест е начин на телото да се справи со наглите промени во организмот, како намалување на крвниот притисок.

Просечната температура на телото е околу 36-37 степени Целзиусови.

И, кога сме изложени надворешни влијанија, како студено или топло време, нашето тело може да се адаптира на овие температури.

Но, кога надворешната температура е превисока или сме изложени на силно сонце, тогаш настанува проблем во регулирањето на телесната температура и таа се зголемува.

Ако температурата надмине 38 степени Целзиусови, тогаш се јавува хипертермија која предизвикува промени во крвниот притисок, пулсот, дишењето, па и хормоналната рамнотежа.

И, сите овие промени можат да бидат причина за колабирање.

zoshto-nekoi-lugje-kolabiraat-koga-e-mnogu-zheshko-i-kako-da-im-pomognete-03.jpg

Што да направите ако некој колабира од топло време?

Ако некој колабира, важно е веднаш да повикате брза помош.

Овие епизоди обично траат кратко, но прегревање на телото може да предизвика низа здравствени проблеми.

Покрај тоа, ако некој веќе има проблеми со здравјето, колабирањето од топло време може да создаде компликации.

Додека чекате брза помош, осигурете се дека личноста е на безбедно место и не постои опасност да падне, да се удави (ако сте на плажа) и слично.

Ако имате нешто ладно при рака, како шише со вода, ставете го на некој дел од телото за да ја разладите.

Но, немојте да користите мраз или нешто замрзнато бидејќи може да создаде шок на организмот.

Додека личноста е без свест, немојте никако да ѝ ги покривате носот или устата.

Исто така, не ѝ давајте ништо за пиење додека не е целосно будна и свесна и може да голта.

zoshto-nekoi-lugje-kolabiraat-koga-e-mnogu-zheshko-i-kako-da-im-pomognete-04.jpg

Што се случува по колабирањето?

Ако колабирате, медицинските лица ќе ви помогнат да се стабилизирате и веројатно ќе ги следат нивото на кислород, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

Можно е да ви бидат направени и тестови за да се утврдат дали имате ризични фактори.

Тестовите кои се прават обично вклучуваат:

Крвна слика – можеби ќе треба да се утврди дали имате некаква инфекција, анемија или проблеми со некој органи.

Крвен притисок – нискиот крвен притисок може да ве направи посклони кон колабирање од топло.

ЕКГ – нерегуларниот срцев пулс и сличните проблеми можат да ве направат склони кон колабирање.

zoshto-nekoi-lugje-kolabiraat-koga-e-mnogu-zheshko-i-kako-da-im-pomognete-5.jpg

Како да го спречите колабирањето од жешко?

Колабирањето од жешко може да се случи и ако сте здраваа личност, без никакви проблеми со здравјето.

Што значи, важно е да се заштитите без разлика на возраста и здравствената состојба.

Неколку совети што ќе ви бидат од помош:

- Не поминувајте многу време изложени на сонце кога е жешко – ако мора да излезете, носете чадор или голем шешир

- Пијте многу вода и не излегувајте надвор без шише вода

- Никако не заспивајте на сонце

- Облекувајте се во слоеви за да можете да соблечете дел од облеката ако почне да ви станува топло и носете лесна облека од природни материјали

- Избегнувајте алкохол во најтоплиот период од денот

- Не поминувајте време во џакузи, сауна и слично кога е најжешко

- Кога има предупредувања за жешко време, излегувајте што поретко

zoshto-nekoi-lugje-kolabiraat-koga-e-mnogu-zheshko-i-kako-da-im-pomognete-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg