„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“
„Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ниту пак имав проблеми со акни“ – вели оваа жена која 8 месеци пиела јаболков оцет секое утро со цел да ги контролира симптомите предизвикани од синдромот на полицистични јајници.
Пиењето јаболков оцет наутро е тренд што голем број светски познати инфлуенсерки го промовираат, а се чини дека станува збор за тренд кој е актуелен и меѓу холивидските ѕвезди.
Затоа уредничката на магазинот Marie Claire, Али Хед, во посебна колумна ги споделува придобивките од оваа промена во исхраната, која ја применувала цели 8 месеци.
Таа вели дека и самата е скептична за големиот број популарни диети што се шират на интернет, но поттикната од голем број релевантни истражувања што ги прочитала, таа одлучила наутро, наместо кафе да пие по една мала чашка (50ml) јаболков оцет со цел да го подобри метаболизмот, да ослаби и да го намали нивото на глукоза во крвта.
„Долго време бев свесна дека имам синдром на полицистични јајници и ми даваа хормонска контрацепција со години со цел да се справам со симптомите.
Затоа минатата година одлучив дека е време да престанам со терапијата и да се обидам да ги спречам симптомите по природен пат, преку посебна диета што спречува воспаленија, исхрана со здрава храна без хормони и постојано да внимавам како храната што ја јадам влијае врз нивото на шеќери во крвта“ – раскажува Али.
Со овој метод таа сметала дека полесно ќе се справи со наглото покачување на нивото на шеќери во крвта и на тој начин полесно ќе ги контролира симптомите на болеста.
„Не бев заинтересирана за загуба на килограми, туку за намалување на наглото покачување шеќери во крвта и појавата на воспаленија“ – вели таа.
Првите три месеци, Али пиела по една чашка јаболков оцет неднаш, а потоа почнала да пие пијалак направен во комбинација од сок од еден лимон и една чашка јаболков оцет.
Како што вели, на почетокот ѝ било тешко да се навикне, но по шестиот месец, благодарение на промените што ги почувствувала со здравјето, тоа бил ритуал на кој почнала да му се радува.
„Ако се прашувате зошто толку долго се држев до оваа рутина, ќе ви кажам дека ме привлече промената на нивото на енергија.
Во изминатиот период се чувствував како да имам многу повеќе енергија, а тоа е благодарение на тоа што со јаболковиот оцет успеав да го контролирам порастот на шеќерите во крвта и подобро да ги балансирам хормоните.
Исто така, немав проблеми со подуеност, ниту пак имав проблеми со акни, како што тоа ми се случуваше претходно во текот на целиот живот“ – вели таа.
Според неа, кога пиете јаболков оцет, најдобро е да ги пиете органските производи и да ги мешате во чаша вода или со сок од лимон.
Таа ве советува да ги избегнувате лажните видови јаболков оцет кои се полни со шеќери и може да ви предизвикаат поголеми проблеми.
Инаку, кај жените кои страдаат од синдром на полицистични јајници најчести симптоми се нередовните менструалните циклуси, зголемениот број влакна на лицето и телото, акни и проблеми со кожата, загуба на косата, зголемено ниво на стрес и депресија, како и проблеми со прекумерна тежина и нарушен сон.
Се верува дека синдромот првично настанува како последица на нарушувањето на нивото на хормоните, а се смета дека големо влијание имаат и генетиката, начинот на живот и средината во којашто живеете.
Напомена: Пред да почнете да земате јаболков оцет на своја рака, најдобро е прво да се консултирате со лекар. Запомнете дека секое тело е различно и не мора да значи дека оваа рутина мора сигурно да ви помогне и на вас за да ги спречите симптомите.
Б. С. Б. | Црнобело