13 фото-докази дека и светските ѕвезди немаат совршено лице и тело (и не се срамат од тоа)
Актерката Рејчел Мек Адамс нема рамен стомак, но не се ни труди да го вовлече за да изгледа послабо отколку што е.
Кога ќе се спомне „светска ѕвезда“ првата асоцијација е „совршенство“ - совршено лице без брчки, извајано тело, коса без седи влакна без оглед на возраста.
Но во реалноста, работите се малку поинакви. Многу од нив изгледаат беспрекорно на фотографиите, но од друга страна, не се срамат да ги покажат своите несовршености, бидејќи и тие се, сепак, само обични жени кои стареат како сите останати.
Кои светски ѕвезди не се кријат од фотографите, а не ги кријат ни со Фотошоп несовршеностите на лицето и телото?
Рејчел Мек Адамс
Актерката нема рамен стомак, но не се ни труди да го вовлече или да носи мидер за да изгледа послабо отколку што е.
Никол Кидман
Австралиската глумица има лакти кои се далеку од совршени, но таа не пробува да ги покрие дури ни на црвениот тепих.
Скарлет Јохансон
Познатата актерка има брчки на вратот и мал подбрадок, исто како многу други жени во светот, но тоа не ја прави помалку привлечна од што е.
Рис Витерспун
Иако е една од миленичките на Холивуд, Рис честопати е мета на критики бидејќи нема убаво обликувани мускули на рацете.
Многумина велат дека е „опуштена и млитава“, но таа со голема самодоверба носи фустани без ракави.
Селена Гомез
Пејачката и актерка боледува од лупус, а лековите кои ги користи ја зголемуваат тежината.
Селена одамна има вишок килограми, од кои не се срами, туку напротив, избира гардероба во која се чувствува привлечно, дури и кога од под фустанот ѝ ѕирка малку „сало“.
Џенифер Анистон
Актерката често вели дека сака да старее природно, па не става ботокс за да ги израмни брчките на челото, ниту длабоките линии околу устата кои се резултат на смеење.