13 фото-докази дека и светските ѕвезди немаат совршено лице и тело (и не се срамат од тоа)
Кејт Винслет
Ѕвездата на „Титаник“ не дозволува нејзините фотографии да се обработуваат и да ѝ се „пеглаат“ брчките околу очите.
Натали Портман
Иако многу луѓе сакаат да ги отстранат бемките од лицето или дамките на кожата кои им се појавуваат како што стареат, актерката ги носи гордо и не пробува да ги скрие.
Алисон Оливие
Младата актерка е доказ дека дури ни во Холивуд жените не се со димензии 90-60-90, кои се сметаат за идеални пропорции.
Флоренс Пју
Една од најбараните холивудски актерки во моментов, Флоренс Пју, не се срами да облече фустан кој ќе ја истакне нејзината убавина, но истовремено ќе ги нагласи и нејзините несовршености - полните раце.
Фиби Дајневор
Ѕвездата на серијата „Бриџертон“ има природно масна кожа, па чесно не се ни обидува да го скрие нејзиниот сјај со тешка шминка или со разни козметички производи.
Марго Роби
Популарната актерка немаше лакирани нокти во поголемиот дел од својата светска турнеја, на која го промовираше филмот „Барби“ кој освои и Оскар (за оригинална песна).
Таа е доказ дека и без совршен маникир можете да изгледате одлично.
Ел Фанинг
Младата актерка има клапушести уши, но не се обидува да ги скрие под косата.
А. Ј. | Црнобело