„Како да им соопштите на децата за болест или смрт на близок член во семејството?“ со Ивана Хаџиванова - психолог, психотерапевт

Зборувањето за смртта и загубите е една од најкомплексните и најболните теми за дискусија, и меѓу возрасните, а уште повеќе и за со децата. Често семејствата се прашуваат дали е правично да ги премолчат непријатните ситуации, болести и проблеми пред децата. Криењето на одредена болест во тајност само го отежнува соочувањето на детето со истата. 

kako-da-im-soopshtite-na-decata-za-bolest-ili-smrt-na-blizok-chlen-na-semejstvoto-so-m-r-ivana-hadjivanova-psiholog-0001.jpg

Мора да се знае дека е невозможно и не е препорачливо да се задржи тајна за постоење и лекување, или пак можен фатален исход, дури и пред децата.

Треба да се соопшти вистината, секако со ублажено и пристапно објаснување соодветно на возраста. Исклучително е важно родителот да ја сподели информацијата со своето дете, но секако на начин на кој тоа ќе може полесно да го разбере, за да не се чувствува отфрлено и исклучено.

Доколку не се разговара  со децата, не им се даваат одговори, тие ќе креираат фантазматски сценарија во својата глава кои некогаш се далеку пострашни од реалноста или пак вистината, а нивото на стрес и анксиозност ќе им се зголемува. Децата секогаш знаат и чувствуваат повеќе од колку што мислат возрасните.

Премолчените работи може да имаат влијание на децата. Децата на кои родителите им ја премолчеле својата борба, и го завршиле својот живот оставаат вечно неодговорени прашања, чувство на казнување, чувство на вина и отфрленост, но и интензивна лутина и мисла дека се немало шанса да се направи доволно за нив. Важно е да се знае дека често полесно преболува тој кој со време знаел за болеста на родителот и има повеќе одговори, нема момент на изненадување и има шанса за повеќе контакт и збогување со него.

Лажна надеж не препорачувам во никој случај да се пласира пред децата, само реална слика во која би се објаснило најдобриот и најлошиот можен тек на болеста со последиците. Децата немаат когнитивни способности како возрасните и мора да им се помогне во процесот на разбирање на ситуацијата, а треба да се одвива во сетинг со заштитеност и сигурност. Јасни објаснувања без апстрактни поими,  да нема можност да се фантазира доколку недостасуваат информации.

Тешки болестi со ризик за најнепосакуваниот исход со завршување на човечки живот никогаш не треба да се премолчуваат.

Огромен процент од родителите кои премолчувале за започнувањето на болеста, во подоцните периоди, кога аспектите на болеста кај родителот ќе станат поинтензивно видливи, жалат за затвореноста и исклучувањето на своето дете.

Како што постојат фази во оджалувањето на настанување на смрт кај ближен, така има и фази на прифаќање на одредено тешко заболување или состојба. Како кај возрасните, така и кај децата.

kako-da-im-soopshtite-na-decata-za-bolest-ili-smrt-na-blizok-chlen-na-semejstvoto-so-m-r-ivana-hadjivanova-psiholog-03.jpgфото: depositphotos.com

Зборување за истото го спречува изненадниот шок во некои ситуации, му дава на детето можност за делумна припрема на следствените непријатни и болни настани. Мора да се напомене дека соопштување на болни информации на детето и негово прифаќање на истите, многу зависи од пристапот на возрасниот/родителот.

По искажување на информацијата со зборови кои треба да се одберат согласно возраста на детето, треба да му се даде простор и поттик да ги искаже своите емоции и да ги постави сите прашања на кои сака да има одговор. Истовремено треба да постои систем на поддршка на детето и да се чувствува дека има кој да го заштитува и да се грижи за него. Информациите секогаш треба да се едноставни, вистинити, јасни и кратки.

Секако дека возраста е значаен фактор.

На мали деца од 2-8 години не им требаат многу детални податоци, но деца над 9 години и тинејџери треба да знаат повеќе за која било непријатна ситуација, настан или болест. Што и да се случува во семејството, детето треба да знае за промената на организацијата и динамиката во домот.

kako-da-im-soopshtite-na-decata-za-bolest-ili-smrt-na-blizok-chlen-na-semejstvoto-so-m-r-ivana-hadjivanova-psiholog-06.jpg
фото: pixabay.com

Доколку станува збор за хоспитално лекување на родителот, кај детето може да се очекува да се развие сепарациона анксиозност. Малите деца тешко ја поднесуваат сепарацијата од родителот и во нормални околности, а уште потешко пак кога родителот заминува во болница.

Мора да му се објасни кој ќе се грижи за него во тој период, тоа да биде блиска личност во која детето има доверба, и колку што може повеќе да му се покажува грижа, внимание и достапност за разговор во процесот на адаптација при сепарацијата со родителот.

Ако постои можност за посети и телефонски разговори, секако да се прават. Ако родителот кој е болен и се чувствува емотивно преплавено од помислата за соопштување на таква информација на своето дете, подобро е тоа да го направи друг член од семејството. Тоа не значи дека родителот е лош, туку дека одбрал помалку стресен начин за своето дете и за него во тешките моменти.

Децата реагираат различно на болести и смрт, но секако треба да се очекува интензивна тага, збунетост, лутина и страв. Важно е да се знае дека на детето му е потребен период на адаптација и дека за процесот е потребно време. Односно, ќе бидат потребни повеќе од еден разговор со него. Ако детето не зборува на глас, не значи дека не е преплавено од тага.

Во ред е да се плаче пред него, и да се покажуваат и изразуваат емоциите, така му се покажува дека не е само во својата тага. Тоа овозможува заедничко тагување, и за тешка болест или несреќа  во семејството, а особено за смрт на близок. Кај децата и тинејџерите во вакви периоди може да се очекуваат и забележат отстапки во однесувањето на училиште, затвореност во комуникацијата, попуштање со оценките, конфликти и агресивно однесување и слично. Тие често и помислуваат дека имаат некаква вина или удел во разболувањето или смртта на родителот, и таа мисла мора да се разбие. Доколку другите членови од семејството не успеат, веднаш да се побара помош од психолог/психотерапевт.

На следната страна прочитајте на кој начин е добро, и како не е соодветно да ја споделите веста со детето:



Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мајка на 6 деца ја разбранува јавноста: „Им дозволувам да се тушираат само двапати неделно, нема пот... „Денови за туширање се само недела и среда. Ако некој навистина мора да се истуш...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Д-р Рајовиќ: ,,Играчката вреди толку колку што детето чекало да ја добие’’ „Некогаш важеше правилото: ‘голем празник – голема играчка’. Ако не ги научиме д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg