„Горд сум на нашето ремек-дело, венчаницата со која се надминавме себеси - работевме 5 луѓе, на неа се ставени 22.000 кристали, 16.000 помали кристали и безброј бисери и мониста. Сите се рачно шиени, еден по еден во тек на 11 дена, а кога само еден човек би ја работел, би потрошил околу 440 часа“, вели нашиот дизајнер.