Омилените модни парчиња на Италијанките за топлите летни денови
Долги лелеави фустани и облека од лен – што носат Италијанките во лето за да им биде удобно, а да изгледаат совршено?
Италијанките се познати по модниот стил, а ова не треба да не чуди кога ќе се земе предвид дека Милано се смеа за една од престолнините на модата.
И, тие изгледаат убаво дури и кога температурите се екстремно високи.
Тајната на Италијанките е тоа што ѝ даваат предност на удобноста и внимателно ги избираат материјалите.
Што носат тие кога е најжешко?
Впечатливи бели маички
Наместо обична бела маичка, Италијанките ги освежуваат летните комбинации со повпечатливи модели, како кроп-топ.
А, бидејќи се еднобојни, лесно се комбинираат.
Долги бели здолништа
За најтоплите летни денови, нема подобар избор од здолниште.
А, Италијанките знаат дека никогаш нема да погрешат со долг модел во бела боја.
Долгите здолништа изгледаат добро на секаков тип тело, додека белата боја создава одличен контраст со исончана кожа.
Облека од лен
Ленените парчиња изгледаат елегантно, а бидејќи материјалот е многу лесен, речиси нема ни да ги чувствувате во најжешките денови.
Палацо панталони
Удобните палацо панталони се идеални за топло време, а лесно се комбинираат за секакви пригоди.
Притоа, можете да ги најдете во секакви бои и дезени.