7 модни парчиња што практичните Скандинавки ги обожаваат
Удобни тренерки и апостолки кои одлично се вклопуваат во лежерни летни комбинации – кои се омилените парчиња на Скандинавките?
Скандинавките се познати по нивната практичност.
Кога станува збор за мода, важна им е удобноста, но тоа не значи дека не внимаваат на изгледот.
Преферираат минималистички комбинации и обично ги дополнуваат со по некој впечатлив детаљ и секогаш изгледаат средено.
Кои се омилените парчиња на Скандинавките?
Апостолки
Апостолките се удобни и одлично се вклопуваат во лежерни комбинации.
Можете да ги носите на плажа, да претрчате до продавница со нив, но и да излезете на кафе ако носите поопуштена облека.
Кратки панталони
Наместо ултра кратки панталони, Скандинавките преферираат малку подолги модели.
Овие панталони се поудобни од минијатурните шорцови, кријат поголем дел од нозете, а и лесно се комбинираат со други лежерни парчиња.
Квалитетна чанта
Повеќето жени не излегуваат од дома без чанта, а Скандинавките преферираат да вложат во овој моден детаљ.
Квалитетната чанта ќе им трае долго, а и ќе ги надополни нивните комбинации.
Удобни патики
Денес патиките се носат и со фустани, дури и со поелегантни модели, па нема причина зошто да не вложите во еден удобен пар.
Впечатлив накит
Скандинавките се познати по минималистичкиот стил, па впечатливиот накит одлично ги надополнува нивните комбинации.
Притоа, многу поедноставно е да ставите впечатливи обетки, отколку да комбинирате минималистички обетки, со прстен, со белегзија…
Тренерки
Тренерките не се само за во теретана – лесно можете да ги вметнете во лежерни комбинации, а ако сте храбри, може да експериментирате и со поелегантни парчиња.
Марама
Уште еден детаљ што одлично ги дополнува минималистичките аутфити на Скандинавките.
Мoжете да ги носите околу врат, но и како додаток на чантата, во коса и слично.
Спирова С. | Црнобело