5 модели на панталони што ќе бидат хит оваа зима + предлог комбинации (фото)
Елегантни панталони со риги кои можете да ги носите и со џемпери, како и панталони со леопардски принт кој е хит периодов.
Ако сакате да се подновите, но немате идеја што да купите, тогаш инспирирајте се од трендовите.
Модели на панталони кои ќе бидат хит оваа зима:
Панталони со риги
Сè почесто гледаме елегантни парчиња во комбинација со полежерна облека, а панталоните со риги се одлични за ваквите аутифити.
Можете да ги носите со кошули, но и со парчиња како џемпери.
Фармерки со подвиткани ногавици
За лежерни комбинации, фармерките се најдобар избор, а зимава хит ќе бидат моделите со подвиткани ногавици.
Овој детаљ ги прави одлични за комбинации со чизми.
Сомотски панталони
Сомотските панталони беа хит пред неколку години и сега повторно се во мода.
Идеални се за студените денови и лесно се комбинираат со лежерни парчиња.
Кожени панталони
Популарни се веќе неколку сезони, а и зимава ќе носиме кожени панталони.
Идеали се за вечерни комбинации и изгледаат мошне добро со штикли.
Леопардски принт
Леопардскиот принт е насекаде.
Ако сакате посмели комбинации, вреди да купите пар панталони со овој принт.
Спирова С. | Црнобело