8 модели на чевли кои секоја жена треба да ги има – се носат со сè, во секакви пригоди
Еспадрили за во лето и чизмички до глужд за есен и зима – за кои модели на чевли вреди да дадете и повеќе пари бидејќи се носат со сè?
Ако размислувате да го обновите плакарот со чевли, но се двоумите поради огромниот избор, сигурно ќе ви користи овал иста.
Моделите во продолжение може да се наречат и универзални бидејќи се вметнуваат во скоро сите комбинации, секако, во зависност од сезоната.
Од овие чевли, најдобро е да купувате минималистички модели во неутрални нијанси, за да ги комбинирате со што е можно повеќе парчиња облека.
Осум модели на чевли кои секоја жена треба да ги има:
Минималистички балетанки
Балетанките одговараат со речиси секаква облека – од елегантни фустани, до фармерки.
Најдобро е да купите минималистички модел, со понеутрална боја, за да можете да ги комбинирате со што е можно повеќе парчиња.
Еспадрили
Постои причина зошто еспадрилите се хит веќе неколку години.
Удобни се, а бидејќи се изработени од лесни материјали, можат да бидат идеални за жешките денови.
Исто како балетанките, и еспадрилите изгледаат одлично со фустани, здолништа, фармерки, кратки панталони…
Мокасини
Мокасините се совршени за деловни комбинации, но можете да ги носите и во поелегантна варијанта со фустан.
Од друга страна, добро изгледаат и со фармерки и кожени јакни, а се совршени за скоро секоја сезона.
Едноставни сандали
Во лето, ништо не ги заменува едноставните сандали (со тенки ремчиња).
Изгледаат добро со летни фустани, но и со фармерки и панталони.
За поелегантни изданија, можете да купите и еден модел со штикла.