Македонци со впечатлив стил: Голманот Столе Димитриевски е спортска модна икона (фото)
На терен е секогаш во дрес, кога е во Македонија на собир со фудбалската репрезентација може да го видите и во тренерки. Но, голманот Столе Димитриевски има стил на кој можат да му позавидат многу мажи.
Столе Димитриевски важи за еден од Македонците со највпечатливо изграден стил. Во неговиот плакар може да се најдат плетени џемпери, кошули со вез, интересни чевли, широки панталони.
Нашиот голман обожава и весели бои, шарени дезени, а начинот на кој комбинира одредени парчиња е толку специфичен, што многумина не би се осмелиле да ги облечат.
Специфичниот стил на Столе го препознаа и многу стилисти во Шпанија, каде што живее и брани последниве години, па му ја дадоа титулата „најдобро облечен голман“.
Тој неколкупати беше и ангажиран како модел за фотосесија, а сликаше и модни едиторијали.