„Парите не можат да ти купат стил“ – Блејк Лајвли исмеана за панталоните со дупки кои чинат 19.000 долари

„Сакате грди панталони или нов автомобил од салон?“ – прашуваат твитерџиите, откако се дозна дека фармерките на Блејк Лајвли се продаваат по цена од 19.000 долари, а од фотките речиси никој не ја забележа нивната уникатност, само дупките.

parite-ne-mozhat-da-ti-kupat-stil-blejk-lajvli-ismeana-zaradi-pantalonite-so-dupki-koi-chinat-19-000-dolari-01.jpg

Холивудската актерка Блејк Лајвли привлече внимание на социјалните мрежи откако на премиерата на нејзиниот најнов филм, It Ends With Us во Тексас, се појави во опуштено издание со бела маичка и фармерки кои оддалеку изгледаат целосно искинати.

parite-ne-mozhat-da-ti-kupat-stil-blejk-lajvli-ismeana-zaradi-pantalonite-so-dupki-koi-chinat-19-000-dolari-02.jpg

Таа и останатите ѕвезди во филмот беа модно усогласени со фармерките, но Блејк се појави во дизајнерки модел од Valentino кој се продава по цена од 19.000 долари.

parite-ne-mozhat-da-ti-kupat-stil-blejk-lajvli-ismeana-zaradi-pantalonite-so-dupki-koi-chinat-19-000-dolari-04.jpg

Според модните експерти, станува збор за модно ремек-дело.

Фармерките се модел во кој се извезени цветови од хибискус, кои треба да потсетуваат на тантела.

parite-ne-mozhat-da-ti-kupat-stil-blejk-lajvli-ismeana-zaradi-pantalonite-so-dupki-koi-chinat-19-000-dolari-03.jpg

Но, според нејзините фанови и твитерџиите, овие фармерки потсетуваат на оние што неодамна ги носеше дечкото на нејзината другарка Тејлор Свифт, Тревис Келце.

За потсетување, фармерките што ги носеше Келце имаа толку многу дупчиња на нив, па твитерџиите се шегуваа дека најверојатно бил нападнат од мачките на неговата девојка.

parite-ne-mozhat-da-ti-kupat-stil-blejk-lajvli-ismeana-zaradi-pantalonite-so-dupki-koi-chinat-19-000-dolari-09.jpg

За фармерките на Блејк Лајвли има повеќе коментари на Твитер, а речиси сите се согласни дека за тие пари, актерката можела да најде далеку подобар модел.

„Дури и молците страдаат со скапите цени!“;

„Сакате грди пантaлони или нов автомобил од салон“;

„Од ова се гледа дека пантолоните не можат да ви купат стил“;

„Задникот ѝ изгледа одлично и само тоа е важно кога купувате фармерки“.

parite-ne-mozhat-da-ti-kupat-stil-blejk-lajvli-ismeana-zaradi-pantalonite-so-dupki-koi-chinat-19-000-dolari-08.jpg

parite-ne-mozhat-da-ti-kupat-stil-blejk-lajvli-ismeana-zaradi-pantalonite-so-dupki-koi-chinat-19-000-dolari-06.jpg

Што мислите вие? Би носеле ли на себе сличен ваков модел фармерки?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Широки фармерки, палта, необични очила: Каков е стилот на Тамара Тодевска кога не е на сцена? Модниот стил на Тамара Тодевска на сцената и во приватниот живот не се разликува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg