Модни трикови за повозрасни жени: Што да носите за да се подмладите, без да изгледате како тинејџерка?
Избегнувајте цветни принтови и давајте им предност на светлите бои.
Облеката навистина може да ве подмлади, но треба да ја избирате внимателно.
Некои парчиња сепак не се соодветни за повозрасни жени, бидејќи во нив можете да изгледате детинесто, па дури и вулгарно.
Неколку модни трикови со кои ќе изгледате помладо, но не како тинејџерка:
Светли бои
Не мора целосно да ги избегнувате темните бои, но охрабрете се да носите и посветли нијанси.
Светлите бои можат да ве подмладат и секогаш изгледаат свежо, особено во лето.
Облека со волуменозни елементи
Пошироки здолништа, волуменозни ракави… Немојте да се држите само до широка или само до тесна облека.
Волуменозните детали ѝ даваат младешки изглед на секоја комбинација.
Освежете ги монотоните комбинации со сако
Кога нешто ви недостасува во комбинацијата, секогаш можете да ја дополните со сако.
За помладешки изглед дајте им предност на подолгите блејзери кои не се залепени за тело.
Слободно носете црно „од глава до пети“
Црната боја е класика и им стои добро на сите.
Со целосно црна комбинација можете да изгледате луксузно, но и помладо без многу труд.
Ставајте ги маичките и кошулите во панталоните
Можеби сте забележале дека повозрасните жени избегнуваат да ги стават маичките и кошулите во панталоните.
Но, со овој трик можете да ја истакнете половината и да ја направите комбинацијата помладешка.
Избегнувајте цветни дезени и многу карнери
Иако принтовите со цветови се популарни, избегнувајте да доминираат во комбинациите бидејќи можат да ви додадат години.
Подобро дајте им предност на принтови инспирирани од други растенија.
Кога станува збор за карнери, можат да ви додадат години, но во зависност од моделот на облеката, можат да изгледаат и премногу детинесто.
Не избегнувајте модели со висока јака
Блузите и фустаните со висока јака нема да направат да изгледате постаро, а и сигурно нема да изгледате вулгарно или детинесто во нив.
Напротив, можат да ѝ додадат доза луксуз на целата комбинација.
Спирова С. | Црнобело