Парчиња облека кои прават да изгледате постаро и треба да ги избегнувате
Светкавите хулахопки и панталоните со ластик се застарени и можат да напраат да изгледате некоја година постаро.
Младешкиот изглед во голема мера зависи и од облеката што ја носиме.
Дали бидејќи се застарени или ги поврзуваме со повозрасни жени, некои парчиња можат да ни додадат години.
Парчиња кои треба да ги избегнувате ако сакате младешки изглед:
Премногу класични парчиња
Класичните парчиња се нарекуваат класични со причина и факт е дека во нив секогаш ќе изгледате елегантно.
Но, ако носите само таква облека и претерате, ќе делувате постаро.
Најдобро е во комбинациите да вметнувате само по едно парче или детаљ кој се смета за класика.
На пример, облечете сако од твид со модерен накит или, пак, бисерниот ѓердан искомбинирајте го со помодерна облека.
Светкави хулахопки
Не само што изгледаат застарено, туку светкавите и сјајни хулахопки прават нозете да изгледаат визуелно пошироки.
Па, секогаш купувајте мат хулахопки.
Облека која го прекрива целото тело
Секако, во зима сите преферираме да покриеме што е можно поголем дел од телото.
Но, во другите сезони, нема потреба од толкава скромност бидејќи прави да изгледате постаро.
Потрудете се со секоја комбинацијата да откриете барем некој дел од телото, дури и само вратот и рамената или долниот дел од рацете.
Црно од глава до пети
Немојте постојано да носите само црна облека бидејќи ќе изгледате монотоно, но и постаро.