„Дури сега сфаќам дека нема да најдам партнер како него“: Исповеди на луѓе кои се развеле и зажалиле
„Бев несреќна и го обвинував бившиот за сè, но и јас бев виновна. Требаше да се потрудам повеќе“.
За некои парови, разводот е единственото решение и не ни помислуваат да се смират.
Сепак, во некои ситуации, луѓето сфаќаат дека погрешиле со разводот и посакуваат да не избрзале или се надеваат дека сепак не е крај.
На Редит, неколку разведени луѓе откриваат зошто зажалиле за разводот:
„Го изневерив и бев сигурна дека нема да ми прости и сакав да се ’казнам‘ што го повредив. Тој сакаше да го спасиме бракот, но јас мислев дека штетата е преголема.
Откако се разведовме бев дијагностицирана со депресија и мислам дека донекаде тоа ме натера да бидам неверна.
Дефинитивно си заслужив да бидам оставена, но за ништо во животот не сум зажалила повеќе“.
„Јас побарав развод бидејќи бев несреќна. Партнерот се претвораше во друга личност, а исто и јас. Постојано се расправавме.
Поминаа 18 месеци од разводот и ми недостасува секој ден. Посакувам да се потрудев повеќе да го спасам бракот“.
„И јас и поранешната сопруга посакуваме околностите да беа поразлични. Жалиме за она што се случи. Сепак, можеби разводот не беше грешка бидејќи имавме токсична врска“.
„Многу жалам. Не зборувам со поранешниот сопруг и не знам како се чувствува тој, но страв ми е да му пријдам.
Бевме млади кога се венчавме и ни беше страв дека нема да бидеме среќни како што созреваме. Сега постојано се прашувам дали можеби ќе ни било убаво заедно“.
„Бев несреќна и го обвинував бившиот за сè, но и јас бев виновна. Требаше да се потрудам повеќе.
По разводот сум била во неколку врски и дури сега сфаќам колку е ретка поврзаноста што ја имав со бившиот“.
„Мислам дека бившиот почнува да жали за разводот. Јас не сакав да се разделиме, но меѓу нас има многу проблеми. Посакувам сега да можеме да ги решиме“.
„Жалам што поднесов барање за развод веднаш откако сопругата замина од дома. Ќе беше подобро само да си дадевме простор неколку денови.
Ќе се разведеме, но сакам да ми се врати сопругата која ми беше најдобар пријател и сакам целото семејство да биде заедно“.
Спирова С. | Црнобело