Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“

„Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми биде доволен знак…“

lugje-otkrivaat-predupreduvachki-znaci-kaj-bivshiot-shto-gi-ignorirav-01.jpg

Кога ни се допаѓа некој, настојуваме да ги игнорираме неговите недостатоци. Ако, пак, се вљубиме во таа личност, може да станеме уште „послепи“ за нејзината лоша страна.

Сепак, со текот на времето, лошите карактеристики ќе излезат на виделина и останува да се надеваме дека не е предоцна.

Неколку луѓе споделуваат кои биле предупредувачките знаци што ги игнорирале кај нивните поранешни партнери:

„Уште на почетокот на врската, бившата девојка ми кажа дека е манипулативна. И, навистина беше“.

„Кога останав бремена, ми рече дека имам една година да се ослободам од вишокот килограми“.

„Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми биде доволен знак. Но, нее… поради ова само ми стана поинтересен“.

lugje-otkrivaat-predupreduvachki-znaci-kaj-bivshiot-shto-gi-ignorirav-03.JPG

„Го уапсија на нашиот прв состанок“.

„Уште живееше со ’бившата‘ девојка… Не, ne му беше бивша, туку се гледаше со двете нас истовремено. Но, низ солзи ми кажуваше како немало каде да живее, а јас бев наивна и му верував“.

„Пo неколку месеци во врска, го видов како разгледува на Тиндер. Не му беше јасно зошто се налутив, бидејќи не сум му рекла дека не смее да користи Тиндер“.

„Мајка му ми рече да не се венчам со него. Три години подоцна, сфатив дека е во право и се разведовме. Очигледно, си го познава синот подобро од мене“.

lugje-otkrivaat-predupreduvachki-znaci-kaj-bivshiot-shto-gi-ignorirav-04.JPG

„На Инстаграм постојано лајкнуваше мемиња за неверства“.

„Им даваше комплименти на други жени пред мене. И тоа не само ’денес изгледаш добро‘, туку ’имаш многу јако тело‘. Знаев дека не е во ред, но некако ме убедуваше дека нема за што да се грижам“.

„Открив дека им плаќал на ’модели‘ на OnlyFans, а немаше потрошено ни денар за нашиот заеднички дом и не му раскинав веднаш“.

lugje-otkrivaat-predupreduvachki-znaci-kaj-bivshiot-shto-gi-ignorirav-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg