„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да правам?“ (18+)

„Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за нашата интима со другите, но не ми е сеедно. Јас неговите колеги не ги знам, а излегува дека тие знаат многу лични работи за мене“. 

mojot-dechko-im-raskazhuva-na-kolegite-za-nashiot-seksualen-zhivot-i-ne-saka-da-prestane-shto-da-pravam-01.jpg

Читатели на онлајн магазинот Metro постојано испраќаат анонимни прашања за проблеми на кои сами не можат да го најдат одговорот.

Едно од нив е испратено до Ем Кларксон, новинарка во порталот, а кое гласи:

„Драга Ем, со дечко ми пред некој ден бевме на семејна прослава и една братучетка ме праша каков ни е сексуалниот живот.

Ѝ кажав дека нема да разговарам со неа за оваа тема, но се изненадив кога мојот дечко рече дека знае сè за сексуалниот живот на своите колеги, дека тоа е сосема нормално и дека не треба да се срамам да зборувам за тоа.

Следното утро бевме интимни, а кога стана да се облече, ми кажа: ‘Моите колеги до вечер ќе дознаат за ова’. Не ми кажа што ќе им раскаже. 

Навистина ми е драг и убаво ми е во врската. И не мислев дека толку може да ми пречи што зборува за нашата интима со другите, но ете, не ми е сеедно и не сум среќна.

Тврди дека одлично се познава со колегите - јас не ги знам, а тие знаат многу лични работи за мене. Ми кажа и дека знае многу детали за сексуалниот живот на сите колеги од тимот, но дека нема да ми каже ништо за тоа.

Еден дел од мене смета дека е чудно што јас не зборувам со моите колеги на оваа тема, ама, зошто би откривала интимни детали што се однесуваат само на мене и мојот партнер?

А со него сум среќна, убаво ни е заедно, се смееме и се чувствувам сигурно покрај него. Не сакам да се карам со него, а не сакам ни да им раскажува на колегите за нас. Што ми советуваш?“

mojot-dechko-im-raskazhuva-na-kolegite-za-nashiot-seksualen-zhivot-i-ne-saka-da-prestane-shto-da-pravam-02.jpg

Кларксон вели дека нејзината читателка (сакала или не), мора да разговара со дечкото за одредени граници, особено што тој прави таа да се чувствува неубаво поради фактот што споделува премногу детали за нивниот сексуален живот со луѓе што не ги знае.

„Твое право е да му кажеш дека не ти е пријатно што неговите колеги знаат ваши интимни ситуации и приказни. Јасно ми е дека не сакаш да се карате, за тоа да не предизвика раздор меѓу вас, но не би требало да се погазиш себеси за да имаш лесен живот со него.

Твое право е да бараш тој да ги почитува твоите желби, особено што неговите разговори не се однесуваат само на него, туку на вашата врска.

Искрено, се надевам дека тој барем ги раскажува работите со почит кон тебе, бидејќи не опишува секс за една ноќ со личност која ја запознал во бар и нема да ја види никогаш повеќе.

Иако имам претстава дека станува збор за отворен разговор меѓу пријатели, тоа не е важно, бидејќи ти не си се сложила дечко ти да зборува за вашиот сексуален живот со колегите. И треба да му го кажеш тоа.

Кажи му дека го сакаш, дека си среќна, дека се чувствуваш сигурно покрај него (исто како што ми кажа мене), но дека неговите разговори ја нарушуваат твојата доверба и дека не се чувствуваш убаво.

Ако тој не може да го почитува твоето барање, според мене, треба сериозно да размислиш во кој правец ќе се движи вашата врска и дали треба да му попуштиш или не“.

А. Ј. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg