Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците?
Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но, бидете подготвени сите да ги интересира дали сте со него поради пари или некаква корист.
Дали големата разлика во години меѓу партнерите ќе биде препрека или предност во врската е индивидуално и зависи од самите партнери.
Но, како во секој случај, постојат неколку предности и недостатоци од врската со партнер кој е значително постар од вас.
Предности да се биде во врска со постар маж:
Финансиска стабилност
Не се работи за сумата на пари што ја има, туку за начинот на кој располага со нив.
Девојките едноставно ја сакаат сигурноста што ја чувствуваат покрај маж кој мудро ги вложува своите пари во иднината и кој нема да си дозволи да остане без ништо 5 дена пред следната плата.
Кој на кого ќе пише прв е минато
Постарите мажи не играат детски игри.
Ако се вистински заинтересирани тоа директно ќе го покажат.
Поддршка и внимание
Кога ќе бидете тажни и потиштени, ќе ги откаже сите планови и времето ќе го помине со вас, правејќи сѐ за да ве расположи.
Искуство
Позрели се, поискусни и знаат како да се справат со многу ситуации.
Тие веќе поминале низ повеќе животни предизвици и нема да дозволат и вие да се „изгорите“.
Доследно однесување
Постарите мажи имаат изграден карактер, кој многу ретко подлегнува на промени.
Значи, каков ќе го запознаете, таков и ќе биде цело време.
Предности во врската со постара жена
Искуство
Повозрасните жени знаат што сакаат и како тоа да го добијат.
Независност
Повеќето жени во зрелите години веќе имаат успешна кариера и не очекуваат мажот да ги издржува, со што се намалува дилемата на мажот дали неговата партнерка е со него од корист.
Зрелост
Постарите жени знаат да ги ценат вистинските работи во животот.
Можете да имате конструктивен разговор со нив без да се грижите дали можеби ќе ја погрешите темата или ќе отидете во погрешна насока.