Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“
„Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за кое јас ќе треба да се грижам цел живот“.
Кога сме помлади имаме поинакви критериуми за избор на партнер, но како старееме и животот ни се случува со сите негови убави, но и помалку убави страни, сфаќаме дека да бираме одново, можеби би избрале поинаку.
Некои работи кои ни биле значајни во младоста, како на пример партнерот да е убав, сега ни се во втор план, па дури и безначајни, и важни ни се сосема поинакви карактеристики.
Постари жени на Редит откриваат која карактеристика би сакале да ја има нивниот партнер, ако би бирале одново.
Одговори на прашањето „Да бев помлада која карактеристика ќе ја барав кај партнерот?“:
Финансиска писменост
„Уште како млада имав доволно пари и никогаш не обрнував внимание каков однос имаат мажите со кои се состанував кон парите, но од денешна перспектива би избрала маж кој во главата има одредени финансиски цели и не живее, односно преживува, од плата до плата“.
Да биде човек од дела, а не зборови
„Порано паѓав на убави зборови, но денес и 30 строфи најслатка поезија нема да ме освојат, ако низ дела не ми ја покаже љубовта“.
Хигиенски навики
„Верувајте ќе ве нервира недостигот од хигиенски навики кога ќе го делите домот со него цел живот“.
Способност сам да се забавува
„Порано ми беше комплимент што постојано сака да биде со мене, но денес тоа што не знае да се забавува сам и нема интереси надвор од врската ме гуши“.
Способност да се снајде во домаќинството
„Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за кое јас ќе треба да се грижам цел живот“.
Способност да се избори со траумите
„Голем дел од луѓето се соочиле или ќе се соочат со некаква траума во текот на животот, но тоа не значи да ја носат во себе и да се огорчени, туку да имаат способност да се изборат со неа. Маж кој не го може тоа, не ми е потребен“.
Да знае да му се радува на животот
„Животот е ужасно тежок на моменти и потребно ви е само некој со кој можете да се забавувате и смеете“.
Да биде добар пример за децата, да знае да се извини и да има емоционална интелигенција
„Маж кој знае да зборува за емоциите, кој е мажествен и чувствителен едновремено и кој има емоционална интелигенција е маж кој е совршен пример за вашите деца и маж кој ќе биде добар татко, а тоа е клучно“.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com