5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав

Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нема да ви ја троши топлата вода за туширање.

5-prichini-zoshto-i-zhivotot-bez-partner-mozhe-da-bide-ubav-01.jpg

Некои луѓе преферираат да се сингл.

Но, ако вие не спаѓате овде, но сепак сте без партнер, сигурно ви треба нешто што ќе ви ја промени перспективата за сингл животот.

Можете да бидете среќни и додека сте сами и ја барате љубовта на вашиот живот.

А, има и многу предности од тоа да бидете сингл и да живеете без партнер:

Сами донесувате одлуки

Кога сте сингл, сами си поставувате правила и сами донесувате одлуки за што било.

Не мора да ги земате предвид потребите и желбите на некој друг и ова навистина ви дава огромна слобода.

5-prichini-zoshto-i-zhivotot-bez-partner-mozhe-da-bide-ubav-06.jpg

Повеќе простор за себе

Кога живеете без партнер, не мора да правите спогодби низ домот.

Не мора да чекате некој да излезе од тоалетот за да го искористите, никој нема да ви ја истроши топлата вода за туширање, не мора да се договарате што ќе јадете…

5-prichini-zoshto-i-zhivotot-bez-partner-mozhe-da-bide-ubav-02.jpg

Можете да го декорирате домот како што сакате

Сами ќе си направите распоред на собите, вие ќе одлучите како ќе ги организирате предметите, вие ќе одлучите кои слики и украси ќе ги изложите.

Генерално, целиот дом ќе биде само ваше катче со работи што вистински ви се допаѓаат.

5-prichini-zoshto-i-zhivotot-bez-partner-mozhe-da-bide-ubav08.jpg

Помалку неред

Кога живеете со партнер, секако дека ќе има повеќе неред.

Можеби ќе ги делите обврските во чистењето, но домот сепак ќе биде хаотичен бидејќи ќе имате и повеќе работи.

Од друга страна, кога сте сами, ќе бидете одговорни само за вашиот неред и ќе нема расправии за тоа зошто некој ги оставил чорапите на подот или не ставил нова ролна тоалетна хартија.

5-prichini-zoshto-i-zhivotot-bez-partner-mozhe-da-bide-ubav-4.jpg

Можете да гледате што сакате

Кога сте со партнер, може да ви треба и половина час да се договорите дали ќе гледате филм или серија, а потоа и кој филм или која серија.

Но, кога сте сами, можете да спуштите што сакате, кога сакате и никој нема да ви рече ништо.

5-prichini-zoshto-i-zhivotot-bez-partner-mozhe-da-bide-ubav09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
7 фрази што ќе ги слушнете само од маж кој не ве почитува Ако партнерот или кој било маж ве наведи или деградира, а потоа рече дека само с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg