„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“
Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за неговите мали деца и да им биде маќеа? Колку жени се доблесни да си признаат дека не се подготвени за таков чекор и внимаваат да не ги уништат младите животи?
Врските со мажи што имаат претходен брак и деца се секогаш комплицирани, а пример зa тоа е и приказната на оваа анонимна Британка.
Taa се соочува со вистинска дилема: да ја зачува врската со партнерот и да прифати да се грижи за неговите деца, или да остане на своите ставови и да ја сочува својата независност.
Мајките кои се грижеле за мали деца знаат дека тоа бара голем труд и напор, па до некаде сосема оправдано е тоа што оваа жена не сака да прифати одговорност за малолетните деца на нејзиниот партнер, но се соочува со проблем.
Таа во отворено писмо до колумнистката на The Sun, Дидре, раскажа дека партнерот ја уценува да прифати улога во врската што нејзе воопшто не ѝ се допаѓа.
Проследете го нејзиното писмо во целост:
„Мојот партнер сака да почнеме да живееме заедно, но тој има две мали деца, а јас не сакам да им бидам маќеа кога се кај него.
Имам свои возрасни деца и сметам дека конечно ги завршив своите должности како родител.
Јас имам 48 години, тој има 50, а неговите деца имаат 10 и 12 години.
Кога се сретнавме пред две години, знаев дека има деца од претходниот брак и не ми пречеше да се гледаме за викенди, па дури и кога децата остануваа со нас повремено.
Но, ако почнеме да живееме заедно, веќе нема да имам свој простор. Викендите ќе ги поминувам во грижа за децата, наместо да се гледам со пријателките или да одам на прошетки.
Му кажав дека сум среќна со ситуацијата каква што е во моментов, односно и двајцата да живееме во посебни станови, барем додека да му потпораснат децата.
Тој вели дека не прифаќа ‘не’ за одговор. Всушност, ми рече дека ако не сакам да живеам со него, нашата врска нема иднина.
Треба ли да се вселам кај него само за да ја одржам врската? Тој ми создава огромен притисок“ – пишува жената.
Одговорот на Дидре во голема мера е очекуван и таа потенцира дека и самите деца ќе ја почувствуваат штетата, ако таа под притисок ги прифати условите на партнерот.
Проследете го нејзиниот одговор во целост:
„Воопшто не е фер од негова страна да те притиска да почнете да живеете заедно, ако ти не си подготвена за тоа.
Исто така, не е фер ниту за неговите деца, кои сигурно ќе почувствуваат дека го презираш нивното присуство.
Дополнително, тоа што тој не прифаќа ‘не’ за одговор укажува дека станува збор за личност што сака да те контролира и е мошне тврдоглава“ – вели колумнистката.
Што мислите вие? Во ред ли е жената да прифати да живее со партнерот само за да ја зачува врската, иако не е подготвена да се грижи за малолетни деца?
Колку жени би биле доблесни и да признаат дека не се подготвени да се грижат за децата на партнерот и дека не сакаат да бидат маќеи?
Б. С. Б. | Црнобело