5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи
„Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зграда со неа и таа реши тој ќе се заљуби во неа. Еден ден додека се симнувала по скали, тој одел нагоре - таа намерно се сопнала и се стркалала надолу за тој да ѝ помогне. Но, кога мажот видел крв, се онесвестил, па таа морала да го спасува“.
Љубовта може да ви се случи во средношколските години, додека сте на одмор, на работното место... Но, понекогаш доаѓа и кога најмалку очекувате.
Некои љубовни приказни се со среќен крај, други никогаш не се остваруваат и остануваат само фантазија.
Но, некои реални приказни поврзани со љубовта се толку романтични, забавни, дури и смешни, што не може да ги измисли ни најдобриот филмски сценарист.
Во продолжение прочитајте ги приказните што им се случиле на луѓето од целиот свет, а кои ги споделиле на Редит.
„Требаше да одам на очен преглед за нови очила и кога влегов во ординацијата сфатив дека докторот е маж кој дојде во моето училиште во осмо одделение, но не се дружевме.
Ми беше голема симпатија и никогаш не го заборавив, но не му кажав дека го препознав.
Кога заврши прегледот, станав од столчето, но се сопнав и за да не паднам, се задржав за неговиот ремен. Засрамена излетав од ординацијата.
Вечерта се изненадив кога добив порака: „Нема ни да ми понудиш кафе што ќе паднеше врз мене и да се извиниш?“.
Заедно сме веќе 2 години“.
„Еден ден влегов во продавница за минерали и благородни камења, накит и слични спиритуални дребулии. Повеќето од работите беа ужасни, но имаше неколку розови камења кои ми го привлекоа вниманието.
Додека ги набљудував, ми пријде продавачот и ми објасни дека треба да го допрам каменот и 4 пати да кажам на глас ‘Младоженецу, појави се’, па во мојот живот ќе дојде идеалниот маж.
Ми делуваше смешно, но решив да ги затворам очите и да ги повторам четирипати неговите зборови.
Кога завршив, слушнав глас кој вели ‘Отвори ги очите, еве сум’ и се преплашив. Продавачот ми се прикрал од зад грб, а сите во продавницата се смееја“.
„Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зграда со неа и таа реши дека мора да го запознае, а тој да се заљуби веднаш во неа.
Еден ден додека се симнуваше по скалите, тој одеше нагоре. Таа, намерно се сопна и се стркала надолу, со надеж дека тој ќе се стрча по неа за да ѝ помогне.
Планот не ѝ успеа, зашто, кога видел крв, мажот се онесвестил, па таа морала да го освестува.
Кога отворил очи почнале да разговараат, размениле броеви и веќе беа на прв состанок“.
„Обожавам кафе и често одам во едно кафуле каде што пијам американо со цимет и работам.
Еден ден на масата до мене седна маж кој ми пријде и ми рече дека кафето што го пијам е ужасно и го истури во вазната што стоеше на масата.
Додека гледав збунето, тој исчезна и по некоја минута ми донесе капучино. Ми кажа дека треба да пијам квалитетно кафе.
Потоа се пожали дека си го заборавил телефонот и праша дали може да го позајми мојот за да се јави некаде. Сврте на бројот, никој не му крена и тој ми го врати телефонот, па си замина.
По 2 дена некој ми се јави од непознат број - тоа беше мажот од кафулето, кој од мојот телефон свртел кај себе за да го добие мојот број без да ми го побара.
Така го запознав мојот сегашен дечко“.
„Кога бев на трета година факултет, работев и како тутор, па професорот со кој соработував ме запозна со група студенти кои беа една година помали од мене.
Меѓу нив бил и мојот иден сопруг. Тој ми призна дека веднаш сум му се допаднала и затоа се запишал да му бидам тутор.
Кога дојде на првата средба во библиотеката каде што ги држев часовите, си помислив ‘Колку е сладок, ќе имам проблем’.
По часот си отидов дома и тогаш помислив ‘А што ако се омажам со него?’. Никогаш претходно не сум размислувала за брак, но тој ми го смени мислењето.
По три часа, ми кажа дека ќе побара друг учител, зашто сака да ме покани да излеземе. Заедно сме 9 години, 6 од нив во брак“.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





