„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални желби“
„Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да работам бидејќи жените никогаш не требало да плаќаат за ништо. Јас немам доволно пари да се грижам и за двајцата“.
Во модерното општество, многу побројни се врските и браковите каде што работат и двајцата партнери.
Секако, има и парови каде што едниот партнер работи, а другиот е одговорен за обврските низ домот.
Сè додека и двајцата партнери се согласни, не е важно во која од двете категории спаѓаат.
Но, маж на Редит се пожали дека неговата девојка сакала да стане домаќинка и да престане да оди на работа и само тој да биде одговорен за финансиите.
Тој вели дека не би сакал таква врска, бидејќи неговата девојка ја добила идејата од ТiкТок и Инстаграм каде што многу домаќинки споделуваат детали од секојдневието.
Мажот смета дека за нив двајца, тој начин на живот е нереалистичен.
Неговата исповед во продолжение:
„Јас и девојка ми сме заедно повеќе од две години. Кога се запознавме, таа само што почна да оди на факултет, а јас само што дипломирав.
Јас бев вработен, а таа не. Исто така, јас имам автомобил, а таа не.
Но, мене никогаш не ми било проблем да ја земам со автомобилот или да платам кога сме излезени заедно. Ѝ купувам подароци, честопати без причина, бидејќи ја сакам и сакам да биде среќна.
Пред неколку недели, родителите ѝ купија автомобил и ѝ реков дека сега ќе може некогаш и таа да вози, не само јас.
Но, ми рече дека не сакала да троши бензин и дека очекува постојано јас да возам.
Ѝ реков дека тоа ме повредува, но таа ми рече дека не гледа проблем бидејќи сум имал добра плата.
Ова малку ме разгневи, но го игнорирав разговорот.
Повторно почнавме сличен разговор кога ми испрати ТикТок видео од домаќинките инфлуенсерки.
Ѝ реков дека видеото е убаво, но дека овие инфлуенсерки промовираат живот што е недостижен за повеќето.
Таа ми рече дека не сум во право и дека некои жени само се венчаат со погрешни мажи.
Потоа ми рече дека ако јас не сакам да плаќам за сите нејзини сметки за таа да не оди на работа, тогаш се плашела за нашата иднина.
Да разјаснам, отсекогаш сум ги поддржувал оние партнери кои сакале да се грижат за домот, но мислам дека не е во ред девојка ми да биде мрзлива и да не прави ништо.
Кога пробувам да ѝ зборувам за иднината, таа само ми вели ’жена никогаш не треба да плаќа за ништо‘.
Искрено, ова ме повреди и ме натера да се запрашам дали навистина ме сака.
Имам успешен бизнис, но немам којзнае колку пари. Треба да постигнам уште многу пред да можам да си дозволам само јас да плаќам за сè.
Јас сакам партнер, а не дете за коешто треба да се грижам.
Па, дали грешам со моето мислење?“
Во коментарите на објавата, многумина му велат на мажот дека е во право бидејќи очекувањата на девојка му се нереалистични.
„Девојка ти јасно ти кажала каква иднина очекува. Долгорочно, нема да бидете компатибилни“.
„Ми изгледа дека е многу мрзелива. Престани да пробаш да ѝ докажуваш и замини си“.
„Прашај ја што ќе прави таа за вашата врска додека ти одиш на работа“.
„Како жена, ти кажувам дека вашата врска е токсична. Девојка ти се однесува како паразит“.
Што мислите, кој е во право?
Спирова С. | Црнобело