„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“

„Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам своите желби и интереси. Навистина не е здраво себеси комплетно да се ставите во туѓи раце“.

jas-sum-razvedena-zhena-i-za-edna-rabota-se-kaam-najmnogu-01.jpg

Дали во афект во бракот кажувате работи кои би било подобро да ги премолчите или пак сте од оние жени кои се исплашени отворено пред сопругот да кажат како се чувствуваат и што им пречи?

Некои жени по разводот велат дека се каат за начинот на кој правеле одредени работи во текот на бракот.

Исповеди од Редит:

„Посакувам да побарав помош кога ми беше потребна. Мака ми е што не зборував гласно дека сум преоптоварена и ми е потребна помош.

Наеднаш станав сопруга и мајка и очекувањата и притисокот од општеството комплетно ми направиja хаос во главата.

Мислев дека треба да бидам совршена во секоја улога и ги вршев сите куќни обврски сама, додека паралелно се обидував да изгледам како модел.
Си ставав невозможни цели на дневно ниво и буквално прегорев.

Ставив крај на бракот бидејќи ми изгледаше како единствен начин за да ставам крај на стресниот живот којшто си го креирав.
Бев лута и огорчена кон сопругот, а тој не можеше да разбере зошто.

Ако погледнам наназад, сè што требаше да направам е да кажам ‘Потребна ми е помош’, да зборувам како се чувствувам и мислам дека мојот брак ќе опстанеше“.

„Мислам дека требаше да работам повеќе на себе и својот личен идентитет, пред да стапам во брак. Да научам да се носам со самотијата, пред да прифатам партнерство.

Требаше да влезам во брак силна, а не констатно исплашена да не бидам оставена.

Исто така, верувам дека избрзав, затоа што личноста која на 20 години би ја избрале за брак не е истата која би ја избрале на средината од животот, како личност која е соодветна за да остариме покрај неа“.

jas-sum-razvedena-zhena-i-za-edna-rabota-se-kaam-najmnogu-02.jpg

„Се каам што дозволив лошата ситуација да трае предолго. Очекувањата на мојот сопруг од нашиот заеднички живот се променија многу кога од врска стапивме во брак.

Се каравме многу и наместо да прифатам дека во брак не функционираме, јас дозволив страдањето да трае предолго“.

„Посакувам да сфатев дека улогата сопруга не е единствената работа која ме дефинира.

Жалам што немав автономија и дозволив мојот партнер да се наметне како позначајната личност во нашата заедница.

Ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам своите желби и интереси.

Навистина не е здраво себеси комплетно да се ставите во туѓи раце“.

С. С. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg