„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпат кога спиев со некого?“
„Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задоволство, или затоа што ми се допаѓаа мажите. Јас го користев сексот заради чувството што следуваше потоа“ – вели оваа жена која, по долгогодишна борба успеала да ја надмине зависноста од секс.
Многу често зависноста од секс може да биде предизвикана од трауми од детството, а тоа го кажува и примерот на оваа жена која гостуваше во подкаст и отворено раскажа како изгледал нејзиниот живот со ова пореметување.
Анонимната жена која се јавува само под името Аманда, гостуваше во подкастот We’re All Insane, а нејзината приказна е пренесена и во голем број од светските медиуми.
Денес таа има 35 години, а вели дека нејзината зависност од секс била предизвикана од траумите што ги преживеала како дете, но и подоцна во животот, кога имала 26 години.
Аманда израснала со самохрана мајка која често имала студен однос кон неа и често влегувала од афера во афера, па тоа ја натерало уште како мала да не верува во романтика и да не биде во можност да сфати дека врските не се вртат само околу секс.
Многу често била злоупотребувана како девојче, а никогаш не зборувала за тоа што ѝ се случувало дома.
Односот со мајка ѝ, на некој начин ќе го трасира нејзиниот пат кон проблематични врски.
Па така, таа цели 12 години (со повремени прекини) била во врска со момче кое го ословува само со буквата Е, и вели дека ова била мошне агресивна врска, затоа што тој имал проблеми со алкохолот.
Уште во овој период Аманда понекогаш имала секс средби со некои мажи, за да побегне од токсичната врска со Е.
На крајот Аманда, на 26 години останала бремена и го родила детето, но го загубила само 18 часа по раѓањето.
По оваа загуба Е почнал да пие уште повеќе и два месеца по загубата на синот, ја напуштил.
Аманда вели дека по ова се обидувала да ја излекува болката од загубата на синот, така што почнала да има секс со секој што ќе го сретне.
„Постојано бев излезена и имав секс набрзина постојано, на мошне неодговорен начин, затоа што повредив голем број луѓе што немаше потреба да ги повредам.
Тоа ми помагаше накратко да се чувствувам добро и да ја преземам контролата, но и да си го потхранам егото, како и сѐ друго што мислев дека сум го загубила.
Бев хаос, животот ми беше ужас и се чувствував само како да преживував, да го правев само она што треба да го направам и се чувствував целосно рамнодушно кон сѐ“ – раскажува Аманда.