„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“

„Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и бременоста“ – вели оваа жена, која раскажа како сопругот одбива да има секс со неа откако останала бремена, а наместо тоа гледа порно филмови и разголени фотки од бившите девојки. Колку е чест овој проблем?

soprugot-ne-saka-da-ima-seks-so-mene-otkako-ostanav-bremena-shto-da-pravam-01.jpg

Иако лекарите често напоменуваат дека сексот при нормална бременост воопшто не е штетен и не би можел да предизвика компликации, некои мажи едноставно не сакаат да ризикуваат.

Таков е примерот и со оваа неименувана бремена жена која бараше помош и совет на Reddit.

soprugot-ne-saka-da-ima-seks-so-mene-otkako-ostanav-bremena-shto-da-pravam-02.jpg

Нејзината порака ви ја пренесуваме во целост:

„Кога се запознавме со сопругот, на почетокот постојано имавме секс и тој беше многу романтичен и секогаш ме посакуваше. Се случувало да останеме будни по цела ноќ и да разговараме...

Но, откако останав бремена, тој полека почна да се повлекува и го фатив како гледа порно филмови, наместо да спие со мене.

Првиот пат кога се обидов да разговарам со него, ми рече дека така му е полесно и дека е уморен од работа. Ми вети дека ќе престане да гледа.

Се обидов да не се вознемирувам, но потоа му најдов разголени фотки од неговите поранешни девојки, кои ги гледал кога спијам или додека работам, па најдов и уште порно филмови.

soprugot-ne-saka-da-ima-seks-so-mene-otkako-ostanav-bremena-shto-da-pravam-04.jpg

Кога се обидов да разговарам за тоа, имавме бурна расправија. Веќе не знам што да правам.

Се чувствувам толку непосакувано и како никој да не ме сака.

Ми се крши срцето кога ќе помислам дека тој постојано ме одбива и веќе не се чувствувам убава, затоа што тој повеќе би сакал да гледа во некоја друга жена отколку да спие со мене.

Јас, ако сум среќна, може да добијам само бакнеж.

Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и бременоста... Тој постојано ми вели дека сум убава, но јас не можам да поверувам дека тоа е вистина“.

soprugot-ne-saka-da-ima-seks-so-mene-otkako-ostanav-bremena-shto-da-pravam-03.jpg

Коментарите што таа ги доби се најразлични. Едни ја охрабруваат да се разведе, а други пак велат дека однесувањето на нејзиниот сопруг воопшто не е необично.

„Ова се случува многу често. Вистина е дека сексот се менува кога сопругата е бремена. Не дека нѐ запре мене и сопругата, но дефинитивно, ти се менуваат ставовите за интимните односи“;

„Побарај стручна помош. Твоето тело минува низ големи промени. Чекате да се роди нов живот. Сигурно сѐ уште си убава, но можеби сопругот не сака да зборува за некои проблеми што и него го измачуваат“;

„Можеби има фобија од секс со бремени жени и потребна му е стручна помош. Таков проблем имаше и Елвис Присли“ – стои во дел од коментарите.

Што мислите вие? Вообичаено ли е однесувањето на овој сопруг? 

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg