Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот

edna-rabota-koja-ni-go-spasi-brakot-otkako-dobivme-deca-so-soprugot-01.jpg

Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанувавме, па се венчавме и си купивме дом.

Имавме многу слободно време и финансии и одевме на романтични вечери, спонтани одмори и минувавме мрзеливи викенди во кревет заедно.

Понекогаш и сега кога лежам будна во кревет, меѓу децата и сопругот, сонувам за тие денови на безгрижност.

Сега, со сопругот јадеме на смени, додека другиот го држи бебето или го чисти истуреното млеко од подот.

Се разбира, моето семејство не би го менувала за ништо на светот. Но, животите на мене и сопругот ни се променија, како да водиме паралелни животи кои ретко се преклопуваат.

Не се сеќавам кога точно го започнавме правилото за состанување, но тоа ни го спаси бракот.

Сè започна како шега. Тоа беше кога првото дете ни беше бебе и го оставивме накратко кај мајка ми за да завршиме некои обврски и да испазариме и тоа беше првпат да сме сами по подолго време и некако фокусот за првпат ни се врати еден на друг, па си одлучивме дека сме на состанок.

Се држевме за раце во автомобилот, си ги слушавме нашите песни, не беа дозволени телефони, ниту разговор на тема дете.

Додека да се вратиме дома веќе се смеевме на глас, растоварени од сè – како некогаш, чувствувавме дека сме си направиле слатко бегство од рутината.

Оттогаш секогаш кога ќе се најдеме сами, без разлика на времето и местото, автоматски си велиме дека сме на состанок и тоа време си го третираме како посебна пригода.

Се држиме за рака во маркет, се бакнуваме на бензинска станица...

Си направивме практика да се прашуваме за емоциите, да си го проверуваме менталното здравје еден на друг и уште се држиме до тоа дека во тие мигови не се дозволени ниту телефони, ниту разговори за децата.

Со две деца, овие смешни, неромантични состаноци се тоа што ни го држи бракот во инаку здодевното и на моменти стресно секојдневие со тон обврски.

Се галиме на креветот додека онлајн плаќаме сметки или си зборуваме за нашите најголеми желби и стравови додека си подаваме чинии и ја полниме машината за садови.

Родителството малку нè растргна како љубовен пар, но овие спонтани мали гестови нè споија одново.

Тоа е тајната на нашиот среќен брак.

Извор

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg