„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува

„Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешка е да ги прашувате другите за совет, дури ниту мајка ви и пријателките, а не пак некои Фејсбук групи...“

mu-stanav-lichna-chistachka-najteshkite-raboti-vo-brakot-za-koi-nikoj-ne-zboruva-01.jpg

Разведени жени за „Buzzfeed“ искрено говорат на темата „Која е најлошата работа што им се случила во бракот“... Од чувство на осаменост поради неверство до неценење од страна на партнерот.

Нивните искрени исповеди:

„Осаменоста! Пред да се омажам имав фантазија дека кога ќе стапам во брак повеќе нема да бидам осамена. Но, погрешив. Осаменоста за време на бракот беше поголема отколку таа откако го оставив мојот неверен, ужасен и злобен сопруг“.

„Мојот поранешен партнер, кога бевме во врска, ја чистеше куќата, а јас одлично готвев. Но, во моментот кога стапивме во брак јас му станав лична чистачка. После свадбата тој нагласуваше дека чистењето било женска обврска и расфрлаше облека насекаде“.

„Кога имаш деца, мора да го сработуваш својот дел од обврските, а не да оставаш на другиот. Сега сме разведени, а тој уште не го сфатил тоа“.

„Една од најтешките работи во бракот е да ги познаете знаците дека се одљубувате. Кон крајот на бракот сфатив дека посреќна сум кога не сум со мојот партнер. Неговото емоционално и ментално влијание врз мене ме исцрпуваше и сфатив дека посреќна сум сама“.

mu-stanav-lichna-chistachka-najteshkite-raboti-vo-brakot-za-koi-nikoj-ne-zboruva-02.jpg

„Дозволив да ме зема здраво за готово со години. Требаше да бидам похрабра и да си ја знам својата вредност“.

„Од мали бевме заедно, но јас созреав, а мојот сопруг не. Ме оставаше сама дома со децата, уште кога беа бебиња, додека тој си шеташе со другарите“.

„Бев во брак со одличен маж, кој мислев дека не е заинтересиран за мене. Јас заработував повеќе, тој беше поангажиран околу домашните обврски, но ми беше монотоно и имав афера. Се разведовме и до денес се каам што го изгубив“.

„Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешка е да ги прашувате другите за совет, дури ниту мајка ви и пријателките, а не пак некои Фејсбук групи. Кога имате проблем земете го сопругот под рака, исклучете ги телефоните и директно поставете ги прашањата. Објаснете зошто и како се чувствувате“.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg