Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации

Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите моменти со партнерот.

Untitled-1.jpg

Проблемите во бракот (или врската) се неизбежни, а она што е важно е како ги решавате.

Ако ви се чини дека сте несреќни и долго време тапкате во место, без никаков прогрес во однос на проблемите, тогаш можеби сте соочени со кризен период.

Неколку знаци дека имате криза во бракот:

Вие или партнерот сте посесивни

Ако партнерот создава проблеми кога сакате да правите нешто сами, (или обратно) ова е знак дека во вашата врска има посесивност.

Треба да минувате време со партнерот, но треба да можете да имате и свои хобија и интереси, настрана од врската.

predupreduvachki-znaci-deka-se-soochuvate-so-kriza-vo-brakot-niz-ilustracii-02.jpg

Не се интересирате за проблемите

Ако вие или партнерот ги игнорирате проблемите и избегнувате да ги решите, тогаш нешто не е во ред во вашиот однос.

Штом на едниот од партнерите не му е важно дали ќе се решат конфликтите и се однесува рамнодушно, дефинитивно станува збор за криза.

predupreduvachki-znaci-deka-se-soochuvate-so-kriza-vo-brakot-niz-ilustracii-03.jpg

Останувате заедно само поради децата

Многу парови одлучуваат да останат заедно само затоа што имаат деца.

Но, не заборавајте дека ваквата средина веројатно е полоша за детето отколку да се разделите.

Немојте да мислите дека детето нема да ги забележи вашите караници и презирот што го чувствувате еден кон друг.

А, сето ова може да има огромно, негативно влијание врз него.

predupreduvachki-znaci-deka-se-soochuvate-so-kriza-vo-brakot-niz-ilustracii-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg