Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот

Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визија за вашата иднина?

prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-ako-razmisluvate-da-stavite-kraj-na-vrskata-ili-brakot-01.jpg

Не постои врска или брак без проблеми и недоразбирања, па не можете да очекувате со партнерот да се согласувате за буквално сè.

Сепак, ако караниците се пречести или има и други проблеми кои ви пречат, можеби размислувате да ставите крај на бракот или врската.

Кога станува збор за сериозна врска или брак, одлуката за разделба никогаш не е лесна.

Па, ако сте несигурни, поставете си ги следниве прашања пред да одлучите:

Имате ли заедничка визија за иднината?

Дали вашите планови за иднината се поклопуваат?

Дали ги сакате истите работи или имате потполно различни соништа?

Не може да се согласувате во врска со сè, но треба да имате исти или барем слични ставови за важните животни прашања како дали ќе имате деца.

Дали само се расправате или ги решавате проблемите?

Добро размислете како им пристапувате на проблемите во врската.

Дали само се напаѓате и обвинувате еден со друг или јасно ви е дека мора заедно да најдете решение?

Дали вашите караници се продуктивни или само си го „истурате“ гневот еден на друг?

Ако постојано се карате за истите работи и никогаш не наоѓате решение, тогаш можеби не треба да бидете заедно.

prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-ako-razmisluvate-da-stavite-kraj-na-vrskata-ili-brakot-03.jpg

Дали се почитувате?

Дали си покажувате почит дури и кога емоциите ве надвладуваат?

Проблемите во врската не треба да бидат причина за да се навредувате со партнерот и да се понижувате.

Дали можете да си простите еден на друг?

И вие и партнерот сте правеле грешки, а ќе ги правите и во иднина.

Но, дали можете да си простите?

Кога партнерот ќе згреши и е очигледно дека се кае, дали можете да му простите, или со секоја караница се навраќате на грешката?

Дали сте сигурни дека партнерот нема да ја повтори грешката?

Не заборавајте дека не можете да бидете со партнер на кој не му верувате.

Дали вложувате исто во врската?

Да, љубовта е важна, но исто важно е и колку работите на врската.

Размислете дали и вие и партнерот вложувате исто време и енергија.

Ако партнерот делува незаинтересирано и ви се чини дека само вие се справувате со сè, тогаш веројатно вашиот однос нема да се подобри.

prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-ako-razmisluvate-da-stavite-kraj-na-vrskata-ili-brakot-02.jpg

Дали треба да молите за љубов и внимание од партнерот?

Партнерот треба да ве сака такви какви што сте.

Односно, никогаш не треба да бидете во ситуација да молите да ви обрне внимание или да ви покаже дека ве сака.

Во спротивно, тоа веројатно значи дека не ве цени доволно.

Дали сте вљубени или партнерот ви е како обврска?

Добро размислете дали навистина сте вљубени во партнерот.

Или, можеби секоја ситница што треба да ја правите за него ја гледате како обврска.

Ако го сакате партнерот, работењето на вашата врска нема да ви претставува проблем или тешкотија.

Напротив, со задоволство ќе направите што било за да се осигурите дека врската ќе опстане.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Низ илустрации: Како да ја одржите хармонијата во бракот, според адвокати за разводи? Никогаш не ги игнорирајте малите проблеми и секој ден поминувајте барем 20 минут...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg