Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете)
Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано стравувате дека ќе ве остави, или пак да останувате во врска која знаете дека не е добра за вас, од страв да не останете сами? Можеби проблемот е во траумите од детството…
Некои луѓе се чувствуваат дека постојано немаат среќа во љубовта и заради тоа се збунети, вознемирени или осамени.
Како постојано да ги повторуваат истите грешки, па дури и мислат дека нешто не е во ред со нив затоа што не можат да си најдат вистински партнер.
Многу често, луѓето коишто со себе носат трауми во детството имаат два типа проблеми во љубовните врски, кои се одликуваат со несигурност:
Му раскинуваат на партнерот предвреме, од страв да не им раскине
Најчесто ова се луѓе што во детството биле изневерени или напуштени на некој начин и рано сфатиле дека никој нема да биде тука за нив.
Затоа, често ги отфрлате луѓето, затоа што спостојано очекувате дека тие ќе ве разочараат. Сметате дека е полесно сами да се изборите со осаменоста, отколку потоа долго време да го лекувате скршеното срце.
Најчесто луѓето што го прават ова не се ниту свесни дека сами си ја дестабилизираат врската.
Се случува тоа да се луѓе што постојано бараат од партнерот да им покажува колку ги сака или да им ја докажува љубовта, па да не бидат ниту свесни дека на тој начин го оттурнуваат партнерот.
Остануваат во врска и страв им е да му раскинат на партнерот што не е добар за нив
Кај луѓето што како деца биле избегнувани, кон кои родителите се однесувале со гнев, насилство и лутење, често може да се случи да одбиваат да му раскинат на партнерот што не е добар за нив.
Причината за тоа е што уште од мали нозе научиле дека таквото однесување е сосема нормално и имаат нереална слика за интимноста и заедничкиот живот.
Ако како деца често ве казнувале или не ви дозволувале да ги искажете своите емоции, како возрасна личност веќе добро знаете да ги потиснете.
Наместо да кажете како се чувствувате, вие ќе се обидете да откриете што ѝ треба на личноста што е со вас и да ѝ го дадете.
И двата вида врски не се добри и ќе ве остават со скршено срце.
Што треба да направите за да имате среќен љубовен живот?
Секогаш треба да ви е најважна искреноста
Наместо да ги криете сопствените чувства, затоа што постојано сметате дека партнерот ќе ве отфрли, обидете се јасно и гласно да кажете што ве мачи.
Кога партнерот ве прашува што вие, кажете му.
Можеби на родителите им пречело тоа што се жалите, но партнерот што ве сака, ќе најде начин да ве сфати и секако дека ќе му биде грижа за вашите емоции.
Избегнувајте да трчате по луѓе што не ве заслужуваат
Ако чувствувате дека вие постојано трчате по некоја личност, а таа не ве забележува, тогаш подобро е воопшто да не се оптоварувате.
Истото важи и за оние партнери што само ви ветуваат нешто, а не го остваруваат.
Едно е да се надевате дека ќе промените или ќе поправите некоја личност, а сосема друго нешто е да постигнете во тоа.
Јасно и гласно кажете што сакате и не си креирајте лажна слика за реалноста во главата.
Ако не го добивате тоа што го заслужувате, дајте си шанса да ја пронајдете личноста за која вашите емоции ќе бидат значајни.
Верувајте во втора шанса
Не, ако еднаш ѝ простите на личноста што згрешила, тоа не значи дека ќе треба постојано да ѝ простувате. Секој заслужува втора шанса да се поправи и да покаже дека научил нешто од грешките.
Ако побегнете без да ѝ кажете на личноста каде згрешила, вие ѝ ја одземате можноста да се одбрани и многу е веројатно сами да си ја саботирате врската, која би можела во иднина да порасне во нешто прекрасно.
Б. С. Б. | Црнобело