5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг
На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполнува.
Ако сте во подолга врска и со партнерот веќе размислувате и за брак, сигурно се прашувате дали тој би бил добар сопруг.
Со стапувањето во брак, динамиката во врската може да се промени, особено кога ќе треба да почнете да делите сè во животот – од финансии, до обврски во домот.
Следниве 5 одлики се знак дека вашиот партнер ќе биде и добар сопруг:
Финансиска стабилност
Не мора партнерот да биде милионер, но штом заработува и може да се грижи за себе, тоа е добар знак.
Во модерното општество, многу почести се паровите каде што и двајцата партнери заработуваат.
Во период кога трошоците за живот се поголеми, важно е да бидете сигурни дека и вие и партнерот ќе можете да придонесете за заедничкиот живот.
Од друга страна, доколку партнерот често менува работни места (бидејќи го бркаат од работа), не сака да работи или чека само на вас за пари, ова може да се влоши откако ќе стапите во брак.
Ги исполнува ветувањата
Штом партнерот ги исполнува ветувањата, тоа значи дека можете да му верувате и да се потпрете на него.
А, довербата е едно до најважните нешта во врската, а потоа и бракот.
Не игра игри
Ако партнерот се однесува како разумна личност, дури и кога имате конфликт, тоа е знак дека ќе биде добар сопруг.
Од друга страна, ако партнерот ве игнорира кога е лут, не сака да разговара за проблемите, го тестира вашето трпение или игра каква било игра, ова сигурно ќе продолжи и откако ќе стапите во брак.
Директен е за своите чувства
Добриот маж нема да ве манипулира со молчење и секогаш отворено ќе зборува за своите чувства, вклучувајќи ги и негативните.
Со ваков партнер, комуникацијата во врската ќе биде добра, што значи проблемите ќе се решаваат разумно.
Не ве притискал за секс на почетокот од врската
Потсетете се на почетокот на врската. Дали партнерот ве притискал за секс или ги почитувал вашите желби?
Ако партнерот уште на почетокот ги почитувал вашите граници и не ве терал да правите нешто за коешто не сте подготвени, тоа е знак дека ќе биде добар и грижлив сопруг.
Спирова С. | Црнобело