6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов
Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање за вашите чувства. Дали сте во токсична или здрава врска?
Ако долго време сте со истиот партнер, некогаш можеби ќе се запрашате дали вашата врска е здрава и стабилна или дали меѓу вас уште постои љубов.
Доколу сте во ваква ситуација, доволно е да обрнете внимание на само неколку ситници.
Знаци кои јасно покажуваат дека вашата врска е здрава и исполнета со љубов:
Не ви е проблем да отидете на патување сами
Колку и да сакате да одите на одмор со партнерот, некогаш можеби нема да бидете во можност, дали поради работни обврски или нешто сосема друго.
Во овие моменти, решение е да отидете сами.
И, ако ни вам ни на партнерот не ви пречи што вие ќе одите на одмор без него (или обратно) тоа дефинитивно е знак за здрава врска.
Ова значи дека помеѓу вас не постои љубомора, дека потполно си верувате, но и дека си дозволувате секој да има свој живот.
Се почитувате и кога се расправате
Кавгите се дел од секоја врска, но она што е важно е како се расправате.
Ако се навредувате, уценувате и слично, односот меѓу вас сигурно не е најдобар.
Од друга страна, ако си покажувате почит дури и среде караница, тоа е знак дека сте во здрава врска.
Не ви пречи ако молчите кога сте заедно
Среќните партнери уживаат во заедничкото друштво, дури и кога седат во тишина.
Ова значи дека се чувствувате удобно еден покрај друг и затоа не чувствувате потреба да ја пополнувате тишината со разговор.
Ако воопшто не ви е проблем да бидете во иста соба, но да не размените ни збор и секој да се фокусира на своја активност, тоа е знак дека сте во среќна врска.
Покажувате емпатија и разбирање за вашите чувства
Доколку ги разбирате и почитувате чувства на партнерот и тој вашите, тоа е уште еден знак дека сте во здрава врска.
На пример, ако партнерот добил добри вести на работа, можете да се израдувате со него, но подоцна и тој може да ве сослуша ако вие сте имале лош ден.
Сметате дека е во ред што имате различни мислења и интереси
Секако, треба да имате некои заеднички работи со партнерот.
Но, истовремено, не ви пречи што имате различни ставови и мислења за некои теми или што ве интересираат различни работи.
Можеби вие повеќе сакате да играте игри, а партнерот повеќе сака да гледа филмови.
И, и двајцата го почитувате ова наместо да се обидувате да се промените.
Не пробувате да си угодите по секоја цена
Нормално дека сакате да се усреќите еден со друг, но не треба да го правите тоа по секоја цена.
За да опстане врската, некогаш и двајцата ќе треба да жртвувате некои работи, но ова не значи дека треба да го изгубите вашето „јас“.
Ако ни вие ни партнерот не очекувате другиот да ви угодува по секоја цена, тогаш сте во здрава врска.
Бонус: Знаци дека сте во токсична врска
Иако мислиме дека е очигледно ако сме во токсична врска, ова не секогаш е точно.
Дел од знаците дека сте во токсична или врска без љубов:
- Повеќе си изјавувате љубов онлајн отколку во живо
- Ви се чини дека немате ниту една заедничка тема на разговор
- Пробувате да го претворите партнерот во друга личност (или обратно)
- Не соработувате кога сте соочени со проблем
- Врската воопшто не ви е приоритет
- Вие или партнерот премногу често зборувате за бившите
- Не правите заеднички планови за ништо
Спирова С. | Црнобело