7 фрази што ќе ги слушнете само од маж кој не ве почитува

Ако партнерот или кој било маж ве наведи или деградира, а потоа рече дека само се шегувал, тоа е јасен знак дека не ве почитува.

7-frazi-shto-kje-gi-slushnete-samo-od-mazh-koj-ne-ve-pochituva-01.jpg

Постојат некои фрази што мажот, без разлика дали ви е партнер или не, никогаш нема да ги употреби доколку ве цени и почитува.

Некогаш е важен и контекстот во кој се кажани овие фрази, но повеќето се предупредувачки знак сами по себе.

Фрази што можете да ги слушнете само од маж кој не ве почитува:

„Само се шегувам“

Штом мажот ве навредил или повредил со „шегата“, тогаш веројатно не ве ни почитува.

Со оваа фраза тој робува да се огради ако му напомните дека не ви се допаѓа тоа што го кажал.

Шегите што деградираат никогаш не се кажани со почит.

„Не е ништо сериозно“

Ако оваа и сличните фрази се кажани во ситуација кога сакате да разговарате за проблем, тогаш мажот ви покажува непочитување.

Ако направил нешто погрешно и му укажете, а како одговор добиете некоја ваква фраза, тој пробува да ги банализира вашите грижи и емоции.

Мажот кој ве почитува ќе сака да разговара за проблемот, особено ако тој е виновникот.

7-frazi-shto-kje-gi-slushnete-samo-od-mazh-koj-ne-ve-pochituva-04.jpg

„Многу си чувствителна/емотивна“

Уште една фраза со која мажот пробува да ги банализира вашите емоции.

Обично ова е фраза која се користи за манипулација, бидејќи ве тера да се чувствувате засрамено за вашите емоции.

„Не знаеш што зборуваш“

Со оваа фраза, мажот пробува да ја постави својата доминантност, да ви ја потцени интелигенцијата, но и да ве омаловажи.

Сето со надеж дека ќе преземе контрола над ситуацијата и ќе се чувствува подобро во врска со себе.

А, со ова покажува и дека не ве почитува.

Партнерот кој ве почитува нема да ја искористи оваа фраза и ако навистина погрешно сте разбрале нешто, ќе проба да ви го објасни на подобар начин.

„Не си како другите жени“

Иако од прва може да делува како комплимент, психолозите сметаат дека оваа фраза се користи за манипулација.

Мажот ве споредува со други жени, и притоа ги омаловажува, за да изнуди позитивна реакција од вас.

И, веројатно ова е фраза што ја користел многупати претходно.

7-frazi-shto-kje-gi-slushnete-samo-od-mazh-koj-ne-ve-pochituva-02.jpg

„Ако вистински ме сакаш, ќе направиш…“

Уценувањето секогаш е предупредувачки знак и не треба да го игнорирате.

Со оваа фраза, партнерот ви кажува дека ве сака само доколу му требате.

„Ми должиш“

Кога правиме нешто за партнерот, не го правиме тоа бидејќи бараме нешто за возврат.

Па, јасно е зошто оваа фраза е знак за непочитување.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете) „Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски ...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg