10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете)

„Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски е покажувањето благодарност. На овој начин всушност демонстрирате љубов.

10-frazi-koi-na-mazhite-psiholoshki-dobro-im-vlijaat-i-sakaat-da-gi-slushnat-od-sakanata-01.jpg

Подобрете си ја љубовната врска, така што ќе му кажете на партнерот точно како се чувствувате.

Неколку емоционални фрази ќе бидат вистински подарок на вашиот сакан и неговата психа.

Фрази кои на мажите психолошки добро им влијаат (и сакаат да ги слушнат од саканата):

„Кај тебе го сакам тоа и тоа“

Му посочувате што цените кај него, му откривате дека сте свесни за неговите позитивни страни и го охрабрувате да продолжи така и да биде уште подобар.

„Изгледаш привлечно вака облечен“

Кога вложува напор да изгледа добро, вие треба да му дадете комплимент за да знае дека сте горди на него.

„Мило ми е што ти си ми партнер“

Тој мора да знае колку сте среќни што го имате, тоа ќе му ја подобри самодовербата.

„Ти си толку добар со нашите деца / миленици / моите родители / луѓето од услужната дејност...“

На мажите често им недостига емпатија, па кога партнерот ја демонстрира грижата за другите, кажете му дека го гледате тоа и ви значи.

„Мило ми е што се грижиш за мене и нашиот дом“

Мажите сакаат да бидат тука за вас и сакаат да се чувствувате сигурно поради нив, па кажете му дека сте задоволни од тоа како ве чува.

10-frazi-koi-na-mazhite-psiholoshki-dobro-im-vlijaat-i-sakaat-da-gi-slushnat-od-sakanata-02.jpg

„Среќна сум што имам партнер како тебе“

Ова е јасно, нели? Која личност на светот не би сакала да слушне нешто вакво?

„Не грижи се за тоа, ќе го надминеме заедно“

Кога партнерот има лична криза, кажете му дека сте тука за него и дека заедно ќе го надминете проблемот – тоа е клучно за една здрава врска.

„Ти благодарам што го направи тоа за мене“

Клучната состојка на долгите врски е покажувањето благодарност. На овој начин всушност демонстрирате љубов.

„Фалете го пред другите за да може да слушне“

Нека види дека сте горди на него и дека не се плашите да го пофалите пред другите луѓе.

„Ти си најдобриот партнер“

Кажете му дека сте исполнети што го имате затоа што и тој сака да почувствува љубов, исто како и вие.

Прочитајте и 20 фрази кои ја решаваат кавгата со партнерот

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
7 фрази што ќе ги слушнете само од маж кој не ве почитува Ако партнерот или кој било маж ве наведи или деградира, а потоа рече дека само с...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg